Гостивар
Виктор Угриноски го извади светиот крст од Вардар на Водици во Гостивар
Најсреќен годинава на Водици во Гостивар беше 16 годишниот Виктор Угриноски. Гимназијалецот го извади светиот крст што беше положен во водите на Вардар, во рамки на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление. Честитки и желби за здравје, бериќет и благосостојба стигнаа од насобраните верници кои дојдоа заедно да го чествуваат денот и беа дел од манифестацијата.
Прославата на празникот започна утрово со света литургија во соборниот храм „Пресвета Богородица“ на градскиот плоштад. По богослужбата, литијата тргна од црквата и преку централното градско подрачје се движеше до малиот мост на Вардар, пеејќи ја песната „Во Јордање“. Таму беше извршен чинот на осветување на водите и положување на светиот крст во реката.
Gostivarpress.mk во текот на денот ќе објави фото репортажа од прославата.
Бог се јави-Навистина се јави!
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок