Поврзи се со нас

Вести

Путин: Воената операција е изнудена мерка, Русија не сака да му наштети на светскиот економски систем

Објавено

на

Русија „немаше друг начин“ да се одбрани освен да ги испрати своите сили во Украина, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин додека руската армија ја напаѓа соседната земја.

– Она што се случува сега е изнудена мерка бидејќи на Русија не ѝ е дадена можност да постапи поинаку, рече Путин на средба со деловни луѓе во Москва, која беше емитувана на телевизија.

Путин рече дека се создадените ризици за безбедноста биле толку големи што било невозможно да се постапи поинаку и укажа на непомирливоста на Киев и Западот кон руските барања поврзани со безбедноста.

– Можеа да не доведат до такви ризици што не знаеме како би преживеала земјата, рече Путин.

Тој рече дека Русија не сака да му наштети на светскиот економски систем или да биде исклучена од него. Неговата инвазија на Украина ги шокираше пазарите и ја изложи Русија на разорни санкции од Западот.

– Русија продолжува да учествува во светската економија, ние не се подготвуваме да и нанесеме штета, им рече Путин на претставниците на рускиот бизнис собрани во Кремљ.

– Ми се чини дека нашите партнери треба да го сфатат тоа и да не си поставуваат цел да не исфрлат од системот, рече тој.

Тој додаде дека Русија е „подготвена“ за воведување нови санкции против нејзината економија, повикувајќи ги претприемачите да бидат „солидарни“ со руската Влада.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена