Спорт
Ракометарите на Јехона се пласираа во плеј-оф фазата од Првата машка лига
Ракометарите на Јехона со вчерашната победата над Партизан од 30:34, обезбедија сигурно место во плеј-оф фазата од Првата машка лига.
Гостите од Гостивар во текот на целиот натпревар беа во водство, водеа со 1:6 во воведниот дел од средбата и со ист ритам продолжија до самиот крај. Победникот веќе беше решен на полувреме кога резултатот беше плус шест гола разлика за екипата на Јехона, 10:16, пишува ракометниот портал Ракомет24.
Во второто полувреме, Живкоски, Марковски, Бошковски и Трајчевски, со своите погодоци го одржуваа водството на својот тим, кое во последниот период од натпреварот беше само три гола разлика, 27:30, но домаќините немаа сила да направат евентуален пресврт.
Најефикасни во победничката екипа беа Стефан Бошковски со осум и Михајло Живкоски со седум погодоци, додека блескав настап на голот имаше Христијан Павлоски, кој собра 15 одбрани.
Во составот на Партизан се истакнаа Горан Лисичков со 11 и Ѓорѓе Банцалиски со девет погодоци.
Во последното коло од регуларниот дел од Првата лига, Јехона на свој терен ќе соочи со Борец од Велес.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ