Гостивар
Учениците од медицинско им мереа притисок и шеќер на градоначалникот и на вработените во Општина Гостивар
Средношколците од медицинското училиште во Гостивар, заедно со своите професори, денес беа во Општина Гостивар, каде спроведоа превентивни прегледи на вработените во администрацијата и на првиот човек на општината, Арбен Таравари. Младите медицинари им го исконтролираа крвниот притисок и им го измерија нивото на шеќер во крвта.
„Овие контроли се насочени кон рано откривање и спречување на ризикот од дијабетесот или крвниот притисок. Во знак на благодарност, како локална власт, им доделивме Благодарници за оваа многу благородна работа.“, соопшти преку фејсбук, градоначалникот.
Учениците во изминатиот период реализираа вакви активности со превентивни прегледи, низ основните и средни училишта во Гостивар.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар