Вести
Цената на гасот во Европа на 1.250 долари за илјада кубни метри
Цената на гасот во Европа падна денеска на отворањето на тргувањето под 1.250 долари за 1.000 кубни метри, беше објавено на лондонската берза ICE.
На берзата ТТФ во Холандија, априлските испораки на гас беа договорени по цена од 1.245 долари за илјада кубни метри, или 110,25 евра за мегават час по актуелниот курс на еврото во однос на доларот, пренесува руската агенција ТАСС.
Цената на гасот денеска падна за повеќе од 15,5 отсто во однос на затворањето на берзата во петокот. Во Европа, ова гориво забележа рекордна цена на 7 март, кога скокна за 79 отсто на речиси 3.900 долари.
„Газпром“ денеска соопшти дека ќе продолжат со испораките на руски гас за Европа преку украинската територија по вообичаениот режим.
„Транзитните испораки на руски гас на Газпром преку украинска територија се одвиваат нормално, во согласност со барањата на европските потрошувачи, 109,5 милиони кубни метри на 14 март“, изјави за новинарите портпаролот на рускиот гасен холдинг Сергеј Купријанов.
Тој износ е еднаков на испораките на долгорочните резерви за транзит на гас преку Украина (околу 109,5 милиони кубни метри дневно), според ТАСС, наведувајќи дека во неделата биле побарани 109,6 милиони кубни метри.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ