Технологија
Заштитете се од актуелниот „WannaCry“ рансомвер компјутерски напад
Во Македонија до сега нема пријавен случај на инфициран компјутер или сервер со актуелниот рансомвер компјутерски вирус. Сепак, надлежните сметаат дека постои висок ризик од зараза кај компјутерите со постари оперативни системи (XP, Vista и Windows 8), а особено кај нелегални инсталации кои и самите во најголем број случаи содржат малициозен софтвер, кој може подоцна да се искористи за сајбер напади. Инфекцијата со овој рансомвер се манифестира преку шифрирање на документите на компјутерот од корисникот.
Министерството за информатичко општество и Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти излегоа со препораки за заштита на компјутерите и инсталации на надградбите и потребните закрпи. Општите препораки се:
– За компјутери со OS Windows 10 – Инсталација на надградбата објавена од страна на Microsoft под име MS17-010. https://technet.microsoft.com/en-us/library/security/ms17-010.aspx;
– За компјутери со постари оперативни системи (Windows XP, Vista и Windows 8) – избор, преземање и инсталација на соодветната закрпа зависно од верзијата на оперативниот систем, на www.catalog.update.microsoft.com/Search.aspx?q=KB4012598
– Постојано активна антивирусна и антиспам заштита на компјутер со редовно – дневно ажурирање на вирусни дефиниции
– Активен Firewall / огнен ѕид на оперативниот систем
– Редовна инсталација на надградбите и закрпи кои Microsoft ги објавува
– Вклучување на опција за снимање на состојби на системот и креирање на точки за реставрација
– Редовен бекап на важните податоци и документи на надворешен уред како USB драјв или надворешен хард диск, кој не е постојано приклучен на копмпјутерот
– За корисниците чии компјутери се инфицирани со овој или друг вид на рансомвер проверка дали за тој тип рансомвер постои бесплатно дешифрирање, на веб страницата https://www.nomoreransom.org/
– Користење на лиценциран оперативен систем и внимателно работење на интернет.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените