Занимливости
Како апчињата против болка знаат каде нѐ боли?
Како апчињата знаат каде не боли? Како знае дека сме го испиле да не ослободи од болката во повредениот зглоб или главоболката што нѐ мачи со денови? Постојат ли можеби во нашиот организам патокази за болка или пак апчињата се направени така да точно знаат каде им е метата?
Ако сте размислувале за ови прашања додека земате апче во надеж дека ќе ви донесе инстант олеснување, сега повеќе не морате. Ви ги донесуваме одговорите.
ЛЕКОВИТЕ ПРОТИВ БОЛКА ПАТУВААТ НИЗ ЦЕЛОТО ТЕЛО
Телото е полно со нервни завршетоци во кожата и ткивата. Некои од нив може да почувствуваат болка, на пример кога ќе се удриме или ќе свиткаме зглоб. Ако клетките во телото се оштетени, тие ослободуваат простагландин, хемиско соединение во телото на кое реагираат неврните завршетоци, така што му велат на мозокот каде и колку боли.
Кога ќе испиеме таблета, лекот се топи и низ цревата се апсорбира во крвотокот преку кој лекот се распоредува по целото тело. Тој патува низ крвотокот без однапред одредена цел. Со доаѓањето до повредените и оштетени клетки, го забавува или блокира производството на ензими во телото кои што помагаат во создавање на простагландинот. На тој начин, клетките не отпуштаат простагландин, а нервните завршетоци не добиваат информација за болка и со самото тоа не ја пренесуваат информацијата до мозокот. Последица е намалување или елиминирање на болката, па велиме дека лекот делува.
Често лековите се земаат во помала доза од препорачаната бидејќи мислиме дека така нема да ни наштети. Но, тогаш нема да дојде до доволно намалување на производството на простагландин, па болката нема да се елиминира. Всушност, лекот ќе биде бесполезен. Неретко и долго чекаме со земање аналгетик оти мислиме дека болката ќе исчезне сама од себе. Ефектот е целосно спротивен, болката и понатаму ќе биде неподнослива, а а ќе ни бие потребна поголема доза лек и подолг период за да почне да делува.
Во соработка со Е наука
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок