Поврзи се со нас

Спорт

КК Гостивар победи кога најмалку се очекуваше – Совладан Пелистер 71-72

Објавено

на

По двата порази во првите две кола од годинешната Суперлига, кошаркарите на Гостивар вечерва ја совладаа првопласираната екипа на Пелистер во Битола со резултат 71-72. Нанесувајќи му го првио пораз на лидерот на табелата на домашен терен.

Од самиот почеток можеше да се забележи желбата кај гостинската екипа да го добие овој натпревар и прекине негативната серија. Иако првиот период го добија битолчани (24-21), во вторите 10 минути гостиварци експлодираа дозволувајќи му на Пелистер да постигне само 4 поени, наспроти 23 на Гостивар, целосно преземајќи го водството. На полувреме се замина со резултат 25-40.

Во вториот дел Пелистер успеа да ја анулира предноста, внесувајќи го мечот во неизвесна завршница, со многу грешки и на двете страни, на крај за радост на гостиварци.

Никола Силаџи со 31 поен го предводеше Гостивар, Ре.Димитриевски постигна 13, Рансом 10 поени. Кај Пелистер Малешевиќ беше најефикасен со 21 поен.

Со оваа победа на тимот од Гостивар, кој во овој меч го водеше помошникот Никола Димитриевски, ги враќа пропуштените шанси за пласман во завршниот плеј-оф. Во следното коло му гостуваат на МЗТ Скопје.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена