Култура
„Книгата наше најголемо богатство“ – Гостивар во чест на читањето!
Да се читаат книги што повеќе, младите да ја негуваат љубовта кон читањето, луѓето што почесто да ги посетуваат библиотеките. Ова беше пораката испратена од настанот што се одржа во Гостивар, по повод Светскиот ден на книгите. Ученици, професори од гостиварските училишта, претставници на здружениај, љубители на пишаниот збор имаа прилика одблиску да се запознаат со платформата COBISS онлајн библиотечно-информациски систем кој ги поврзува библиотеките во земјава и овозможува поврзување со заемна каталогизација, база на податоци и др. што овозможува секој читател во секое време, од било кое место, преку интернет, да се информира за сите наслови на книги што стојат на располагање, како и други информации од таков вид.
„Целта на настанот е да ги поттикнеме граѓаните, особено младите што повеќе да читаат, да ги спознаат вредностите на книгите, како и да ги запознаеме за можностите што ги нуди платформата COBISS, се‘ во интерес на зголемување на читателската публика“, кажа Валентина Тасеска, од здружението „Анисија“, организиратор на настанот кој се одржа во Центарот за млади и заедницата.
Пред присутните говореше м-р Елизабета Трпческа Петрушеска, советник во НУ библиотека „Кочо Рацин“ во Тетово.
„ Поврзувањето на библиотеките во библиотечно-информациски системи им овозможува на корисниците брз и лесен пристап до бараната информација. Имплементација на сегментот зајмување овозможува Библиотеките да бидат достапни за своите корисници и од нивниот компјутер или мобилен телефон. Секојдневното испраќање на е-известувањата и е-опомени претставува „потсетник“ за читателите да го запазат рокот на зајмување и без задоцнување да го вратат во Библиотеката позајмениот библиотечен материјал. Активирањето на сервисите на COBISS/OPAC (веб-апликација) им овозможува на членовите на Библиотеката да направат онлајн резервација или продолжување на позајмениот библиотечен материјал, додека пак е-известувањата им овозможуваат на читателите веднаш по пристигнувањето на позајмената книга во Библиотеката, да добијат информација дека се наоѓа на полица и чека за преземање“, појасни Трпческа Петрушеска.
Учесниците на настанот во Гостивар, кој беше поддржан од Министерството за култура, добија подарок книга.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар