Култура
Успешен концерт во Гостивар на друштвото „Браќа Ѓиноски“ во чест на Велигден

Во големата сала на Центарот за култура „АСНОМ“ вечерва, градското аматерско културно уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ Гостивар одржа концерт во чест на големиот христијански празник Велигден. Играорците, оркестарот и пејачите ја исполнија програмата со фолклорни игри, ора и македонски народни песни и повторно докажаа дека се вложуваат целосно кога се на сцена, во мисија на зачувување и негување на вредните традиции и фолклорот.
На почетокот низ најавата, присутните имаа можност да се потсетат на историјатот на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“, реализираните настапи и концерти, учества на фестивали во државата и надвор и сл. При тоа беше речено дека друштвото од своето формирање до денес има одржано 694 концерти на народни ора и песни, а во последните две години 34 и тоа пред домашната публика, во Маврово, Тетово, Куманово, Македонски Брод и други места.
На вечерашниот концерт фолклорната секција се претстави со сплетовите „Тресеница”, „Водарки”, „Повардарие”, а свои солистички настапи имаа Бојан Илиески, Мирослав Крстески и Јовица Николоски.
Настанот го организираше Националната установа Центар за култура “АСНОМ” со поддршка на Министерството за култура и О.Гостивар.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!