Поврзи се со нас

Македонија

Ковачевски приреди ифтарска вечера за ИВЗ и Владата

Објавено

на

Фото: Фејсбук/Димитар Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва приреди ифтар за членовите на Владата и за претставници на партиите од коалицијата, како и за претставници на Исламската верска заедница и други општествени организации, кои ја практикуваат исламската вероисповед.

Посакувајќи им добредојде, премиерот Ковачевски во своето обраќање нагласи дека му е чест да ги пречека како гости за време на празничните пости, кога семејствата и пријателите се собираат како израз на меѓусебно почитување.

-Рамазанските пости се период кога семејствата се собираат, пријателите се дружат и се посветуваат на саморефлексија и размислување. Ми претставува посебна чест што ја прифативте поканата оваа вечер да бидеме заедно во исполнувањето на вашите свети должности. Со заедничкото споделување и укажување чест во месецот кога нашите сограѓани од исламска вероисповед го празнуваат Рамазан, испраќаме порака за заедништво и подавање рака. Ова се празнични денови кои нè учат сите нас на милосрдие, добрина, давање љубов, грижа и простување кон другите, истакна премиерот Ковачевски во своето обраќање.

Празничниот пост, како што рече премиерот, е одрекување од земните и сетилните задоволства што е заедничка вредност на многу вери – вклучувајќи ја и христијанска.

Фото: Фејсбук/Димитар Ковачевски

-Постот и воздржувањето ни се потребни за да го јакнеме духот и да прифатиме дека промените што сакаме да ги направиме, мора да започнат со нас и во нашите заедници. Со секој ифтар за време на Рамазанскиот пост се стекнуваме со можност да ја охрабруваме и негуваме нашата заедница, нагласи Ковачевски.

Република Северна Македонија, како држава и семејство на различни вери, кои меѓу себе живеат сложно, како што нагласи премиерот, ја продолжуваат традицијата што како наследство ни ја оставија нашите претходни генерации.

-Со заедничко споделување и празнување стануваме поблиски. Со почитување на заеднички вредности кои ја јакнат нашата заедница, успешно ќе продолжиме да го градиме нашето едно општество за сите. Тој концепт успешно го развиваме врз основа на почитувањето на различни верски традиции, како столб на изградените вредностни системи на еднаквост и меѓусебен дијалог на разбирање. На сите вас и на сите наши сограѓани од Исламската вероисповед, ви посакувам спокоен период на пост и молитва во месецов на Рамазан. Нека има спокојство, здравје, среќа и бериќет во секое семејство, истакна премиерот Димитар Ковачевски.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Стојаноска: Промените ќе се случат на 8-ми мај, со уште поголема поддршка за бројот 2

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Нешковска: Да ја движиме државата напред наместо да ја блокираме, ве охрабрувам да го дадете гласот за поддршка на бројот 1

ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

СДСМ организираше велигденска забава на плоштадот во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 граѓани

Здравје и убавинапред 18 часа

Етерични масла против алергии

ИЗБОРИ 2024пред 19 часа

Вечерва на полноќ настапува предизборен молк

Гостиварпред 20 часа

Новата седмица почнува со сонце, ќе продолжи со дожд и ветер

Вестипред 21 час

Денес е Ѓурѓовден, празник во слава на природата и животот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена