Гостивар
Во Гостивар „изгорени“ 11 брзи возачи, во Тетово 32
Во рамките на континуираните контролни активности што ги спроведува СВР Тетово за брзина со која се движат возилата на тетовско-гостиварското подрачје вчера (3 мај) од 8 до 20 часот, вкупно се изречени 43 мерки за пречекорување на камсимално дзволената брзина, од кои 32 на тетовско и 11 на гостиварско подрачје. Од нив, 22 мерки се однесувале на пребрзо возење надвор од населено место, а 21 во населено место. Меѓу санкционираните, 4 возачи се движеле со брзина до 70 километри повеќе од дозволената брзина надвор од населено место и еден со брзина до 50 километри повеќе во населено место.
При контролата биле откриени и санкционирани и 33 други видови прекршоци.
СВР Тетово повторно апелира до возачите непотребно да не брзаат, особено по автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, каде е и најголем бројот на санкционираните пречекорувања и годинава, но и на околните регионални патишта. Зашто, токму неприлагодената брзина и натаму е најчестата причина за случените сообраќајни несреќи и пред се за оние со потешки последици, наведуваат од полицијата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!