Поврзи се со нас

Гостивар

Кризата ги дотолчи граѓаните, се‘ повеќе бараат помош од DAVA Гостивар

Објавено

на

Низата поскапувања на храната и други основни продукти силно удри врз џебот на граѓаните. Од хуманитарната организација DAVA од Гостивар оценуваат дека изминатиот период се‘ повеќе луѓе и семејства им се обраќаат за помош во храна, лекови и слично. Актуелно секојдневно подготвуваат и делат оброци за околу 400 лица. До скоро оваа бројка беше 350.

„Од 350 што ги имавме, за време на Рамазан станаа 400. Секоја вечер им доставувавме подготвен  ифтар и суфур и сега продолжуваме со дневните оброци за овие луѓе, кои немаат услови и не можат да приготват храна сами, За оние кои се способни сами да готват, испраќаме пакети со прехранбени продукти, редовно доставуваме пакети до 157 семејства. Дополнително, успеавме да ја платиме киријата на 11 загрозени семејства за период од година, како и да го платиме долгот за струја за 6 месеци. Покривме долгови за струја и на други 3 семејства кои беа во неволја. Бројот на семејства кои ни‘ се обраќаат за помош од ден на ден расте. Ние сме подготвени да им се најдеме да ги надминат сите тешкотии. Затоа, ги повикуваме граѓаните кои живеат во Гостивар и околината доколку познаваат луѓе кои имаат потреба да ги упатат кај нас. Ќе пружиме помош без разлика на религија или нација.“, рече претседателот на организацијата, Муса Хусеин.

За време на месецот Рамазан, DAVA беше активна на целата територија на Македонија и подели 2.000 пакети со храна и хигиенски средства, а на 200 деца им подари нова облека.

Хусеин открива дека најзначајниот план што го имаат е изградба на објект со магацин за прехранбени производи, современа кујна и станови наменети за лица или семејства кои не можат да си обезбедат покрив над главата. „Очекуваме државните институции да ни обезбедат локација, за што поскоро да почнеме да го градиме објектот.“, вели тој.

Организацијата Дава се наоѓа на ул „Светозар Пепоски“ близу „Комуналец“. Оние кои имаат потреба од помош може да ги исконтактираат и на телефонскиот број 070-665-575.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 6 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 8 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 12 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 13 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 15 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 17 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 18 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 1 ден

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена