Поврзи се со нас

Спорт

Распали гостиварската артилерија за голема победа против ТФТ Скопје 92-85

Објавено

на

Продолжува жестоката трка за местата кои водат во завршниот Плеј-оф во Првата македонска кошаркарска лига. Гостивар со победата вечерва во „Младост“ против ТФТ Скопје 92-85, истата ја направи крајно неизвесна.

Гостите од Скопје сигурно го отворија натпреварот, без многу напор добивајќи ги првите 10 минути (16-19). Домаќините се освестија дури во вториот период во кој го „торпедираа“ гостинот постигнувајќи дури 7 тројки, за што гостинскиот тим немаше соодветна одбрана, периодот заврши (33-21), на полувреме се замина со резултат 49-40.

Шутерското шоу продолжи и во вториот дел, гостиварци одиграа квалитетно и во одбраната по што водството се зголемуваше, пред крајот на третиот период стигнаа и до највисоката предност од +16, (80-64). ТФТ Скопје тргна на се или ништо во последниот период, кај гостиварци дојде до мало опуштање на неколку минути пред крајот, по што повторно распали гостиварската артилерија со шут за три, не дозволувајќи да се загрози победата. Кошаркарите на Гостивар на овој натпревар постигнаа 15 тројки од 28 обиди.

Српските интернационални Александар Тордоровиќ и Никола Силаџи со по 17 поени беа најефикасни кај Гостивар, Ефремоски запиша 15, Јанески 14 поени. Амир Смит од ТФТ Скопје беше најефикасен на натпреварот со 20 поени.

КК Гостивар со оваа победа се искачи на четвртата позиција на табелата, веќе во недела го очекува уште еден директен дуел со екипата на Еуроникел.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 часа

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 12 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 14 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 16 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 17 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 17 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 18 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена