Македонија
Колективните договори во образование, тема на денешната средба СОНК-МОН
Тема на оваа средба беа колективните договори за основно и средно образование, а двете страни расправаа по прашања кои треба да бидат составен дел на колективните договори, соопшти Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) на својата фејсбук-страница по денешната двочасовна средба со претставници од МОН, која се одржа во седиштето на СОНК и во рамки на дополнителните десет дена рок за помирување.
– Исто така, се расправаше и за временската рамка за изработка, потпишување и примена на договорите во периодот кој следува. Конечното усогласување помеѓу двете страни во врска со ова прашање, како и други прашања поврзани со процентот на зголемување на платите, се очекува да биде постигнато во петок, 13 мај 2022 година, за кога е закажана и следната средба, наведува СОНК во објавата на Фејсбук.
Синдикатот утре ќе има средба со Министерството за труд и социјална политика на која, како што наведуваат од МТСП, ќе биде отворено прашањето за Колективниот договор за предучилишни установи, кој истекува во јуни, како и прашањето за постојното законско решение во делот на исплата на плати.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените