Поврзи се со нас

Деца Родители

Функционално – здраво семејство

Објавено

на

Тргнувајќи од анализата на семејството како клучен фактор во развојот на детето  како место каде што започнува процесот на формирање на сликата за себе кај детето , може да зборуваме за два вида на семејства: здраво-функционално семејство и дисфункционално семејство.

Здраво семејство е она семејство  кое може да се развива и покрај  тешкотиите на кое наидува. Здравото семејство ги решава проблемите  низ семејните правила и вредности, таа поседува извор на решавање на проблемите. Во здравото семејство , толеранција на конфликтот може да се одржи долго се додека не се најде некој компромис за решавање на проблемот. Границите на здравото семејство се пропустливи и ја одржува раздвоеноста на генерациите, членовите на иста генерација имаат еднаков ранг. Меѓусебната доверба и лојалност се основа за стабилни односи во семејството. Оваа стабилност го негува чувството на семејството како целина и служи како одбрана од стрес и дезорганизација. Детето коешто расте во едно вакво здраво семејство има предиспозиции да се развие во стабилна личност со адекватно оформена емоционалност и социјалност во согласност со возраста.

Правилниот психички развој на детето во здрава семејна средина,деца кој живеат во функционална семејна атмосфера, емоционалниот и социјалниот развој соодветствува на нивната возраст, имаат добра рационална контрола на импулсите , воспоставуваат квалитетни контакти со средината, имаат добра емоционална контрола и топли емотивни контакти. Сомничавоста и слабиот контакт со опкружувањето е во мал степен присутен кај децата од 6 и 7 годишна возраст, што е сосема адекватно за таа возраст, со оглед дека на оваа возраст децата за прв пат се одделуваат од семејството и се впуштаат во надворешното опкружување. Децата коишто живеат во семејство со здрави семејни односи имаат позитивна слика за себе, голема самодоверба, чувство на сигурност, знаат како да примат и да дадат љубов.  Тоа се деца кој што се одликуваат со осетливост, импулсивност, радозналост, имаат позитивно ментално здравје. Овие деца  се спонтани во изразувањето на своите емоции. Родителите им даваат дозвола да се однесуваат на одреден начин. Од родителите добиваат внимание, насмевка, игра поради што репертоарот на изразување на емоции е богат, а слествено на тоа на животот гледаат позитивно  и со радост. Родителите сакаат нивните деца да доживуваат радосни емоции  поради што се трудат вешто да го ускладат својот став кон  тажните и непријатни чувства на детето, им дозволуваат да ги изразат нудејќи му соодветни добри контакти и внимание, при тоа добрите контакти и вниманието кое родителот му го дава на детето не е секогаш поврзано само со непријатните чувства кое детето ги доживува, тие контакти се присутни и кога детето доживува пријатни емоции. Поради вниманието и грижата кое го добиваат од своите родители децата од функционалните семејства своите проблеми ги решаваат на конструктивен начин .

 

пишува: м-р Слаѓана Ангелкоска, психолог

Советувалиште за брак и семејство,

Центар за социјална работа – Гостивар

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 час

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 9 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 10 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 13 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 13 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 14 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 15 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена