Поврзи се со нас

Македонија

Со законските измени во туристичките места ќе може да се работи и недела

Објавено

на

Работа во недела и во трговијата на мало и на големо во туристичките места, вклучувајќи ги Охрид и Струга, предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за трговија, кои се во Собраниска процедура, изјави министерот за економија Крешник Бектеши, пред денешната средба во Охрид со стопанственици и трговци од охридско-струшкиот регион, по што направи обиколка низ трговските објекти во Охридската чаршија.

Целта, посочи, е сите стопанствениците да имаат поголема можност во делот на зголемување на економската активност.

– Имајќи ги предвид податоците за првите месеци, посебно во првиот квартал во делот на зголемување на туристите и тоа што е најавено во текот на летото кога има резервации согласно податоците на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за странски туристи кои ќе ја посетат Северна Македонија, посебно регионот на Охрид и на Струга, истакна Бектеши.

Примената на новото законско решение очекува да почне најдоцна за две недели, по Собраниските процедури и излегувањето во Службен весник.

– Министерството за економија и Владата ќе продолжат со мерки за поттикнување и на домашниот и на странскиот туризам. Со ребалансот на Буџетот предвидени се 15 милиони денари за продолжиме со мерката за доделување ваучери за вработените со ниски приходи. На тој начин ќе овозможиме зголемување на бројот на домашни туристи, а со мерките на АППТ ќе продолжиме и со чартер летови да поттикнеме што повеќе странски туристи да го посетат овој регион, изјави министерот за економија.

Според него, дуќанџиите во туристичките места, ќе може да работат во текот на целата година, согласно одредбите во Законот и согласно Законот за туристичка дејност.

– Во законското решение не е утврдено до кога ќе важи. Наведено е во сите туристички места и тоа може да важи и цела година. Дуќанџиите нема што да се плашат, ние тоа сме го ветиле и Законот за работни односи и Законот за трговија во делот на недела неработен ден и кога беше усвоен беше најавено дека во туристичките места ќе може да се работи и во недела во зависност од сезоната. Ние сега даваме простор да биде преку цела година во зависнот од тоа како ќе бидат и барањата, но ќе имаме поголем простор за да можеме да одлучуваме, рече Бектеши.

Законското решение, нагласи, било донесено во инклузивен процес и тогаш е најавено дека во туристичките места ќе се дозволи работа и во недела, имајќи предвид дека токму во викенди има повеќе туристи, а вработените треба добијат 100 отсто поголема дневница

– Како што е наведено за шопинг моловите, посебно во Скопје и во други градови, сите тие работници кои ќе работат во недела, согласно ова законско решение, ќе добијат дневници зголемени 100 проценти. Тоа ќе важи за сите тие што ќе одлучат да ги отворат нивните продавници во недела и во Охрид и во Струга и во другите туристички места. Сите работници кои ќе сакаат да работат и во недела, ќе добијат дневници поголеми за 100 посто, а тие што се одредуваат согласно Законот за работни односи ќе добиваат 50 проценти, изјави министерот Бектеши.

Претседателката на здружението „Чаршиски еснаф“ од Охрид, Маја Бакалова ги поздрави законските измени, со надеж за нивно брзо усвојување и следната недела да може да ги отворат дуќаните за посетителите.

– Туристичката сезона е почната ние сме затворени, се надеваме дека од следната недела веќе ќе можеме да бидеме отворени. Досега претрпевме големи штети овие пет месеци што не работевме, но се надеваме дека според најавите ова ќе биде многу јака туристичка сезона и со работа во недела и празници ќе успееме да дојдеме до позитивна нула, рече Бакалова, нагласувајќи дека повисоките дневници и слободен ден за вработените не биле проблем, бидејќи и претходно тоа го применувале.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 24 минути

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 2 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 7 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 8 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 9 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 11 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 12 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 1 ден

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена