Поврзи се со нас

Македонија

Уписот во средните училишта годинава првпат со електронско аплицирање

Објавено

на

Првпат годинава е овозможено електронско аплицирање за запишување во средните училишта во земјава. Пријавувањето на учениците ќе биде преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука  https://e-uslugi.mon.gov.mk  со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.

Од МОН велат дека целта на новата дигиталната услуга е оптимизирање на целокупниот процес на уписи во средните училишта и дека  електронско аплицирање нема да им  одземе повеќе од 5 до 10 минути.

– Регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk. Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/ најава. За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, порталот ќе биде отворен од 10 јуни 2022 година  во 10 часот. Учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) заклучно со 15 јуни 2022 година најдоцна до 15 часот, по што системот ќе биде затворен за онлајн-аплицирање од ученици, појаснуваат од Министерството за образование и наука.

Во наведениот период додека системот за аплицирање е достапен за учениците, тие ќе може да вршат ажурирање, измени и  дополнувања на своите пријави и да имаат увид во вкупниот број на поени од успехот, без поените од дипломите. Валидација на дипломите и внесување поени од дипломите вршат комисиите од средните училишта.

Доколку учениците до 15 јуни 2022 сè уште го немаат добиено своето свидетелство за IX одделение,  ќе ги внесат своите оценки евидентирани во е-дневникот. Во полето за свидетелство за IX одделение (во полето за прикачување) ќе прикачат документ/слика (слика од е-дневник) и на тој начин ќе ја завршат апликацијата. Свидетелството од IX-то одделение  задолжително ќе го приложат  до училиштето при доставувањето на целокупната потребна документација на 16  и 17  јуни.

Прелиминарната ранг-листа на запишани ученици ќе биде објавена на 16  јуни 2022 на интернет-страницата на Министерството за образование и наука  www.mon.gov.mk, односно на https://e-uslugi.mon.gov.mk  најдоцна до 9 часот.

Доставувањето на потребената документација  до училиштата ќе биде на 16  јуни од 12 до 19 часот и на 17 јуни од 7  до 19  часот,  согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена