Поврзи се со нас

Рецепти

РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Похувани пиперки со кашкавал и тиквички

Објавено

на

Многу вкусно и едноставно летно јадење.

За похуваните пиперки ви треба:

  • 10 печени пиперки
  • 200 гр кашкавал
  • сол според вкус
  • бибер според вкус
  • сув билен зачин
  • 2 јајца
  • 100 гр меко брашно
  • 100 гр презла

Подготовка:

– Кашкавалот се сече на тенки кришки, колку една пиперка. Исчистете ги печените пиперки од стебленцата и семките. Посолете ја секоја пиперка, зачинете со зачин и бибер. Во секоја пиперка ставете парчиње кашкавал
– Секоја пиперка се валка во брашно, јајца и презла
– Пиперките се пржат во длабоко врело масло. Откако ќе бидат готови ставете ги на хартиена крпа за да се исцеди вишокот на масло.

За пржени тиквички ќе ви требаат следниве состојки:

  • тиквичка
  • 2-3 јајца
  • брашно
  • сол
  • масло за пржење

Подготовка:

– Подгответе една млада тиквичка со средна големина
– Излупете ја и исечете на тенки прстени или листови
– Во посебен сад изматете 2-3 цели јајца, додадете сол и две лажици брашно. Добро изматете да добиете еднолична смеса, нешто поретка отколку за палачинки
– Во тавче загрејте малку масло
– Натопете ги тиквичките во смесата со јајцата и пржете ги на врело масло од двете страни додека малку да поруменат. Можете да ги ставите хартиена крпа за да го впиете вишокот маснотии.

За да го направите оброкот уште поубав, можете да испечете и додадете млади компири.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 8 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 9 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 12 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 14 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 16 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 17 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 18 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 19 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена