Поврзи се со нас

Гостивар

Бигорски се подготвува за манастирската слава – Рождеството на Свети Јован Претеча – Иванден

Објавено

на

Македонското древно светилиште „Свети Јован Крстител“ попознато како Бигорски манастир се подготвува за одблежување на 7 јули, сечесниот празник на Рождеството на патронот и небесен застапник, светиот и славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован.

-Во среда, на 6 јули, во свештената бигорска обител ќе се отслужи сеноќно бдение, коешто ќе започне во 20:30 часот, а на кое молитвено ќе претстои Неговото преосвештенство, епископот Аморејски г. Никифор, игумен на свештената ставропигијална патријаршиска обител на Владатадите во град Солун, информираше отец Кирил.

Следниот ден, четврток наутро, во 8:45 часот ќе биде пречекан надлежниот владика, неговото Високопреосвештенство митрополит Дебарско-кичевски, г. Тимотеј.

-Пред почетокот на Светата архијерејска Литургија, во 9 часот, од раката на нашиот Митрополит г. Тимотеј, на нашата голема радост и чест за Бигорската Обител, петмина наши собраќа ќе бидат потстрижани во светиот рамноангелски монашки чин. Ова е за првпат во нашата понова историја одеднаш да бидат замонашени петмина браќа. За време на Божествената Литургија, пак, еден од новозамонашените браќа ќе биде ракоположен во свештеноѓаконски чин, додава отецот.

Славното Бигорско светилиште, додава, кое низ вековите било гордост на нашите предци и столб на нивната православна вера и култура, особено за жителите на овие краишта, и денес со истата ревност продолжува да сведочи за евангелската вистина и да ги јакне верата и здравите вредности меѓу народот.

-Затоа да ја покажеме и ние должната почит кон Светиот Јован Крстител и нашата пожртвувана љубов кон неговото вековно светилиште, стекнувајќи го на тој начин благословот на светиот Претеча. Ја имаме големата чест и радост, во името на Христовиот Пророк и Крстител, да ги поканиме сите благочестиви Христијани да се присоединат кон неговото големо торжество, посочува отец Кирил.

Нагласува дека светиот Претеча, во денот на своето Рождество е особено благодатно присутен и преку својата славна и чудотворна Бигорска икона и чесните мошти што се пазат во неговиот храм ги слуша и исполнува молитвите на оние коишто со љубов и вера го повикуваат, тоа е денот кога „најголемиот меѓу родените од жена“ ја излева својата од Бога добиена благодат врз сите коишто ревносно го чествуваат неговиот спомен.

И на оваа, како и на манастирската слава отсекувањето на чесната глава на неговиот славен патрон и небесен застапник, великиот пророк, претеча и крстител Господов Јован, што се одбележува на 11 септември, се очекува големо присиство на верници.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Стојаноска: Промените ќе се случат на 8-ми мај, со уште поголема поддршка за бројот 2

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Нешковска: Да ја движиме државата напред наместо да ја блокираме, ве охрабрувам да го дадете гласот за поддршка на бројот 1

ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

СДСМ организираше велигденска забава на плоштадот во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 18 часа

Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 граѓани

Здравје и убавинапред 19 часа

Етерични масла против алергии

ИЗБОРИ 2024пред 20 часа

Вечерва на полноќ настапува предизборен молк

Гостиварпред 21 час

Новата седмица почнува со сонце, ќе продолжи со дожд и ветер

Вестипред 21 час

Денес е Ѓурѓовден, празник во слава на природата и животот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена