Поврзи се со нас

Македонија

Агенција за вработување: 450 лица најдоа работа преку мерката за поддршка на претпријатијата

Објавено

на

Агенцијата за вработување соопшти дека 450 невработени лица се вклучиле на пазарот на трудот преку мерката Вработување и раст на правни субјекти која е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година – Шанса за сите.  Повеќе од 50% од нив (286) биле млади до 29 години.

За реализација на овие вработувања до сега се исплатени 59.060.500,00 денари.

„Мерката Вработување и раст на правни субјенти поддржува креирање на нови работни места во микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации. Преку оваа мерка годинава е планирано да бидат вработени 497 невработени лица евидентирани во АВРСМ, а предност им се дава на младите лица  до 29 години и корисниците на гарантиранa минимална помош. Вкупниот буџет за реализација на оваа мерка изнесува 76.279.000,00  денари.“, информираат од Агенцијата.

Висината на грантот за вработување на едно лице на возраст над 29 години изнесува 92.000 денари,  за лица до 29 години возраст изнесува 153.750 денари, а за лица корисници на гарантирана минимална помош  висината на грантот за вработено едно лице изнесува 200.000 денари. Во еден правен субјект поддржано е вработување од најмногу 5 лица.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена