Гостивар
Ахмети во Гостивар: Скенирање на секој политичар за да одиме напред, Западот не дозволува анархија

„Власта не корумпира, стравот корумпира, стравот од губење на власта. Да бидеме попосветени, да бидеме поангажирани, не само на телевизиските екрани и дебати, туку и со конкретна активност и посветеност и борба против криминал и корупција, бидејќи има и такви кои велат дека се плашат да не ја загубат власта, а потоа прават лоши работи.“, истакна на вечерашната средба со граѓани во Гостивар претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Лидерот на Демократската Унија за интеграција во своето обраќање истакна дека е неопходен ветинг, а се осврна и на евоинтеграциските процеси.
„Зошто бараме проверка? Да престанат сите гласини и да им дозволиме на органите на правдата да бараат одговорност од оние кои ја злоупотребуваат довербата. Ги повикуваме другите страни да најдат заеднички пат за нужно да го почнеме ветингот и чесно да го завршиме, затоа што така можеме да одиме напред со скенирање на секој политичар, секој законодавец и спроведувач на законот и секој функционер од централно до локално ниво. Западот не дозволува анархија, нема анархија на Запад, анархистите се мали групи кои кршат прозорци и обојуваат институции. Политичките партии имаат должност да ја едуцираат масата, затоа што оваа држава е силна со Македонци и Албанци со достоинство и сила, ексклузивност во оваа држава немаат партии. Не сме далеку од членството во ЕУ, но мораме да си ја завршиме домашната задача и ова зближување се одвива на долги растојанија и задачите не се толку тешки како поставување стандарди, владеење на правото, борба против криминалот и корупцијата и победуваме,“, рече Ахмети.
На средбата зборуваа и првиот вицепремиер Артан Груби, генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, претседателот на огранокот на партијата во Гостивар, Валдет Џафери и пратеничката Арта Билали Зендели.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава