Поврзи се со нас

Гостивар

Акција во Гостивар и Тетово: Казнети возачи заради непропуштање пешаци

Објавено

на

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (12 јануари) од 10 до 14 часот спроведоа акциска контрола на возачите – дали и колку тие ги почитуваат нивните обврски кон пешаците како учесници во сообраќајот. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 22 прекршоци (ТЕ-19 и ГВ-3). Најголемиот број од прекршоците се однесувале на непропуштање на пешаците на обележани премини.

„На возачите-прекршители изготвени им се предвидените поднесоци со парични глоби од 200 и 250 евра во денарска противвредност. Оние кои се санкционирани со глоба од 250 евра ќе се соочат и со времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.“, извести портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

При контролата, исто така, санкционирани се и 17 други видови сообраќајни прекршоци.
Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со совет и укажување до возачите – секогаш да им даваат предност на пешаците и пред се ако се движат на оние патишта и улици на кои нема обликувани тротоари. До пешаците, пак, се апелира да не ги преминуваат улиците каде ќе стигнат и прописно и безбедно да се движат во сообраќаjот.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена