Поврзи се со нас

Гостивар

Света архиерејска литургија во Гостивар во чест на Обрезание Господово и свети Василиј

Објавено

на

Православните верници денес го празнуваме Обрезание Господово и светиот Василиј Велики. Во таа чест во храмот „Успение на Пресвета Богородица” во Гостивар беше отслужена света архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.

По завршувањето на Литургијата беше отслужен Молебен за Новата Година, а беше прекршен и празничниот колач. Митрополитот г. Јосиф се обрати кон верните со пригодна беседа на која меѓу другото истакна:

„На овој ден го празнуваме и почетокот на Новата година, во која Му заблагодаривме на Бога за исполнувањето на Неговата волја во изминатата година, но и измоливме од Господа Он повторно да е со нас во Новата, да го обнови вистинскиот дух во нашите срца и да нè утврди во православната вера. Ние го пречекоривме прагот на времето и влеговме во нова година. Новата година е дар Божји, дар на Неговата љубов и милосрдие. Господ ни ја дава новата година чиста и неизвалкана, а во нејзиниот тек, можно е сè да не снајде – и добро и лошо, и здравје и болест. Какво ќе биде времето што настапува, тоа го знае само Единиот Бог. Затоа ние сме должни да Му вознесеме благодарност за сите Негови доброчинства што ни ги дал во минатата година и да испросиме од Бога благослов за годината што настапува. Таа настапува и ќе се исплетува и преплетува под нашиот труд, а од тоа ќе зависи какви ќе бидеме ние, но и каква ќе биде таа. Колку добри работи ќе направиме во неа, толку и добрини ќе има во истата. Колку неправди и зла – со толку неправди и непријатности ќе биде исполнета. Ние денеска дојдовме во овој свет храм да се помолиме на Бога. Се поставува прашањето: што треба да бараме и да молиме од Бога на почетокот на новата година? Би требало да се молиме Господ да ни помогне новата година да ја започнеме со нов христијански живот исполнет со добродетели. Добродетелите се украс на човекот и тоа е негова природна потреба. Добродетелниот живот ни помага да го задржиме во себе вистинскиот образ и да го стекнеме подобието Божјо. Добродетелениот живот е најубавиот дар на Господа Исуса Христа, а тој е и единственото и вистинско средство за нашето спасение. Затоа е потребно во новата година да го примениме ова правило и сето наше внимание да го насочиме кон Господа Христа. Тоа значи почесто да читаме и слушаме за Господа Исуса Христа, подлабоко да проникнуваме во Неговото учење, да гледаме на Неговите свети икони и постојано да се молиме и непрестајно да го славословиме името Божјо. Да одиме со цврсти и непоколебливи чекори на верата кон безграничното совршенство во Бога, со надеж и со барање сè што ќе се случува во новата година да не биде според нашето барање, туку според волјата Божја.“

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена