Гостивар
Акција во Гостивар и Тетово, казни до 250 евра за неправилно престигнување

Во текот на вчерашниот ден (5.12.2022), во периодот од 7.00 до 12.00 часот, Секторот за внатрешни работи Тетово спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои вршат неправилно престигнување. Притоа, санкционирани се 40 возачи (ТЕ-30 и ГВ-10).
„За констатираните прекршоци биле изготвени соодветни платни налози, а прекршителите ќе се соочат со парични глоби кои се во износ од 45 до 250 евра во денарска противвредност, додека некои од нив ќе се соочат и со заштитна мерка забрана.“, информира СВР.
Исто така во тетовското подрачје продолжуваат мерките за овозможување на нормален и проточен сообраќај од погрешно и неправилно паркирани возила, при што во текот на вчерашниот ден биле констатирани 39 прекршоци во однос на овој прекршок, а од страна на тетовската ,,Пајак служба,, биле подигнати 20 погрешно паркирани возила, поголемиот дел во централно градско подрачје.
Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение