Гостивар
Општина Гостивар планира субвенции за инвертери, печки на пелети, електрични скутери…
Гостиварската локална самоуправа предвидува низа мерки преку кои ќе се бори за подобра животна средина. За прв пат изработен е План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, кој набргу ќе се најде пред општинскиот Совет на усвојување. Меѓу планираните мерки се: субвенции за набавка на инвертери, велосипеди, електрични скутери, замена на печките на дрва со печки на пелети и др.
„Општина Гостивар секоја година изработува Програма за заштита на животната средина, а сега за прв пат имаме и План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух. Документот содржи доста интересни мерки, некои од нив за прв пат се вклопуваат во програмата. Покрај одржување на мрежата на мерни станици, субвенционирање на инвертери, велосипди и електрични скутери, изградба на велосипедсти патеки, предвидено е и субвенционирање на замена на старите ситеми на греење на домаќинствата со енергетски ефикасни печки на пелети. Исто така, предвидени се и субвенции за замена на системи за греење за училишта и административни објекти кои се во надлежност на Општина Гостивар, а користат дрва или нафта.“, вели Зуди Џелили, раководител на општинскиот Сектор за заштита на животната средина, додавајќи дека за одредени мерки најавена е поддршка од УНДП и Швајцарска агенција за меѓународен развој, а со финансиска помош би требало да се вклучат и Министерствата за образование, за животна средина, Полошки плански регион и други државни институции.
Програмата за заштита на животната средина има вкупна финансиска рамка од околу 14 милиони денари, од кои половината се предвидени од општинскиот буџет, додека останатите од друигите извори. За субвенции за инвертери на годишно ниво се планирани 1 милион денари, за велосипеди 2 милиони, за замена на стари грејни системи 3 милиони, исто толку за енергетска ефикасност итн.
Програма за заштита на животната средина на Општина Гостива е поделена на четири дела: заштита на амбиентален воздух, проширување на зелени површини, проекти од животна средина и подигнување на на јавната свест за екологијата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград