Гостивар
Акција за чистење во Гостивар: Сите заедно да се потрудиме да го сочуваме градот чист!
Светскиот ден на чистењето, 21-ви Септември во Гостивар беше одбележан со еколошка акција, којашто ја организираше општината. Во активноста се вклучија, граѓани, претставници на невладини организации, вработени во администрацијата и јавните претпријатија, а заедно со нив чистеше и градоначалникот Арбен Таравари.
„Целта ни е да им пренесеме порака на граѓаните дека сите заедно треба да го сочуваме чист нашиот град. Ова не е прва ваква акција, а нема да биде ни последна. Ќе се потрудиме да ги направиме традиција, за да ги потсетиме граѓаните дека токму ние, луѓето сме најголемите загадувачи, и дека не треба да фрламе се` и сешто насекаде“, рече градоначалникот.
Кон ваквите пораки се приклучија и учесниците од невладините организации, кои денес исто така беа терен.
„Треба прво да тргнеме од децата, да ги воспитаме дека не треба да фрлаат ѓубре насекаде. Би порачала: Да не бидеме први во фрлање, туку да бидеме први во чистење. Секој да се потруди, ако сакаме градот да ни биде чист“, рече Сунчица Ѓурчиноска од невладина организација ИГИ.
Акцијата за чистење на отпадоци започна од пред зградата на Општина Гостивар, продолжи во централното градско подрачје, малиот парк, плоштадот, а беше најавено дека ќе се работи и низ селата и на неколку локации со диви депонии.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар