Поврзи се со нас

Гостивар

Голема антидрога акција во земјава-претреси имало и во Гостивар

Објавено

на

Бирото за јавна безбедност – Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Оддел за криминалистичка полиција, Секторите за внатрешни работи во соработка со Одделот за специјални полициски операции и во координација со Основните јавни обвинителства, спровеле координирана полициска акција во насока на спречување на кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога на територијата на целата земја.

Во 24 градови, меѓу кои и Гостивар, вчера биле извршени претреси. „По претходно изготвен план за преземање на конкретни мерки и активности, со наредби од судија на претходна постапка, на 20.09.2019 година, од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во соработка со Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за специјални полициски операции, во координација и заеднички со сите осум СВР-а, беа реализирани симултани претреси во вкупно 24 градови – Скопје, Куманово, Кратово, Велес, Свети Николе, Македонска Каменица, Штип, Струмица, Радовиш, Гевгелија, Пробиштип, Кочани, Виница, Делчево, Неготино, Кавадарци, Битола, Прилеп, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Дебар и Кичево, на вкупно 54 локации. Во текот на вчерашниот ден пронајдените и одземени количини на наркотична дрога и пронајдено оружје, се предадени во ОКТИВ заради криминалистичко – технички испитувања и вештачења.“, стои во соопштението од МВР.

Надлежните потенцираат дека целта на акцијата била задавање на сериозен удар на овој вид на криминал, кој предизвикува штетни импликации, особено кај младата популација имајќи предвид дека најчесто цел на уличните дилери се ученици, студенти, а има и негативно влијание на целокупното општество.

„Тргнувајќи од спроведените проценки за закана од улично дилерство за дрога, изминатите два месеца во рамки на Единицата за сериозен криминал, при Секторот за криминалистички истраги активно се спроведуваше криминалистичко истражување, чија цел беше сузбивање на оваа закана, односно идентификување на лица и обезбедување докази против лица кои подолг временски период се инволвирани во секојдневна продажба на дрога на домашниот нарко пазар. Лицата опфатени во криминалистичкото истражувањето најчесто беа со сличен модус на работа (набавка, пакување и препродажба), во вршењето на кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ предвидено и казниво по чл. 215 став од Кривичниот законик.“, наведува МВР.

Од досега спроведените мерки и активности на МВР за борба против улично дилерство во рамките на криминалистичкото истражување, изминативе два месеца запленети се вкупно: околу 22 кг.марихуана, 545 стебла од марихуана, семки од канабис, кокаин, 1.880 мл.метадон, околу 200 парчиња таблети (МДМА и екстази), амфетамини, хероин и хашишово масло. Покрај ова одзмени се и три пиштоли, една ловна пушка, една рачна бомба-кашикара, 56 куршуми различен калибар, по четири ваги и дробилки, како и седум патнички моторни возила и еден мотоцикл.

Вкупно се поднесени 30 кривични пријави, против 36 лица, од кои за 18 е одредена мерка притвор и една мерка претпазливост, а за едно лице е распишан и централен распис.

Од поднесените кривични пријави, 26 се за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и четири за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена