Вести
Албанија го укина полицискиот час

Албанскиот технички комитет на експерти за справување со пандемијата, денеска одлучи да се укине полицискиот час, воведен во средината на ноември 2020 година, кој траеше од 23 до 6 часот.
По направената процена на епидемиолошката состојба во земјата сè уште останува во сила мерката за носење заштитна маска во затворени простории и на места каде што не може да се одржи растојание.
-Во земјава има постојано подобрување. Се укинува полицискиот час, останува мерката заразените да останат изолирани пет дена, носењето заштитна маска во затворени простории и каде што не може да се одржува растојание. Подобрувањето на оваа состојба доаѓа од процесот на вакцинација. Мораме со интензитет да продолжиме со овој процес и да почнеме со имунизација и на деца над 12-годишна возраст, информираше Мира Ракацоли, претседателка на Комитетот и заменик министерка за здравство.
Исто така во сила останува и мерката со која за влез во земјата треба да се поседува цертификат за примени две дози вакцина, како и онаа со која на спортски и килтурен настан или други собири се дозволува исполнетост од 30 отсто од капацитетот.
Ракацоли рече дека последната недела од февруари забележано е намалување на новите случаи на заразени со Ковид-19 во земјата и оти во моментов има 2.211 активни случаи, од нив 50 се хоспитализирани при што 70 отсто во тешка состојба.
Според неа од почетокот на пандемијата во март 2020 година во земјата направени се 1.745.320 тестови, вирусот е потврден кај 271.702 лица, закрепнале 266.010 додека починале 3.472 лица.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Македонијапред 3 месеци
Ноќеска поместете ги стрелките на часовниците – започнува летно сметање на времето