Гостивар
Амбасадорката на САД Агелер во Гостивар: Приоритети-ЕУ, борба против корупција и економски можности

Поддршка на Евроинтеграциите на земјава, борбата против корупцијата и креирањето на економски можности се приоритетите кои ги наброја Амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер при денешната посета на Гостивар. Амбасадорката учествуваше на дискусија „Ајде да зборуваме за предизвиците и иднината на Северна Македонија“, што се одржа во Центарот за млади и заедницата.
„Бев во Северна Македонија од 2010 до 2013-та година, среќна сум што стекнав толку пријатели. Во однос на прашањето што направила земјата од тогаш до сега, најпрво сакам да ја споменам промената на името, да, тоа беше тешка одлука и непопуларна меѓу граѓаните, но затоа сега Северна Македонија е нов и важен член на НАТО. Како приоритет за Американската Амбасада е да пружиме поддршка и охрабрување за понатаму, за патот кој следи, главната цел, а тоа е патот кон Европската Унија. Друг топ приоритет ни е борбата против корупцијата, сите знаеме дека корупцијата постои, а од фитбекот од граѓаните видовме дека тоа е голем проблем. Исто така, би сакале да најдеме пат да креираме економски можности за младите, да ја гледаат својата иднина овде, а не да мислат дека мора да заминат од државата за подобра иднина. Иселувањето на младите е голема загуба за земјата“, кажа Агелер.
Извршниот директор на Democracy Lab, во чии рамки функционира Центарот, Сефер Селими рече дека ваквите настани се добра можност граѓаните да го кажат своето мислење и ставови.
„Овој формат на панел дискусии е создаден за граѓаните, особено младите да дискутираат со претставници на власта, но и други јавни личности и да ги споделуваат нивните видувања на различни теми или прашања што не‘ засегаат како општество.“, рече Селими.
Агелер претходно направи прошетка низ Гостивар придружувана од градоначалникот Арбен Таравари и претседателот на Советот, Валбон Лимани.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 недели
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава