Поврзи се со нас

Македонија

Автопатот Кичево-Охрид, најголема инфраструктурна инвестиција со „децениска“ изградба, констатира ДЗР

Објавено

на

Најголемиот дел од материјалните средства на ЈП за државни патишта или 46% од нив (55.048.838 илјади денари), се материјални средства во подготовка, кои се однесуваат на изработка на проектни документации, извршени експропријации, изградби, реконструкција и рехабилитација на државните патишта и нивен надзор. За дел од овие средства се утврди недостаток на системски и аналитичен пристап и недоволна подготвеност при планирање, проектирање, градење и реконструкција на патни делници низ државата, што предизвикало зголемување на вредноста на склучените договори и пролонгирање на рокот за изградба/реконструкција на делниците, покажале резултатите од ревизијата на финансиските извештаи заедно со ревизијата на усогласеност на ЈП за државни патишта, за 2022 година што ја направил Државниот завод за ревизија.

При тоа, констатира ДЗР, поради појавени непредвидливи и дополнителни работи биле направени измени и дополнувања на основните проекти – варијации, чии број се движи од една до 42 промени соодветно по проекти, како и продолжувања на рокот за градење на делниците од осум месеци до шест години. Најмногу варијации, најголемо продолжување на рокот и зголемување на вредноста на договорот од 45% (187 милиони евра) има кај изградбата на патната делница Кичево – Охрид.

-Според износот на инвестирани средства и должината на патната делница која се гради, најголем проект, претставува изградбата на патната делница Кичево – Охрид, чија должина изнесува 56,7 km, а чиј износ заклучно со декември 2022 година изнесува 31.597.364 илјади денари (приближно 512 милиони евра), односно за изградба на 1 km од оваа патна делница, до крајот на 2022 година инвестирани се 557.273 илјади денари (приближно 9 милиони евра). До ноември 2023 година инвестираните средства достигнуваат износ од приближно 575 милиони евра, се вели во денешното соопштение од РЗР во врска со извршената ревизија.

И покрај дополнителен заем од 180 милиони долари, пролонгирање на изградбата за 6 години и зголемување на вредноста на договорот за 45%, констатира Државниот завод за ревизија, делницата Кичево – Охрид не е изградена.

-Во мај 2014 година започнала изградбата на патната делница Кичево – Охрид. За таа цел во јануари 2014 година, склучен е договор за заем помеѓу банка од НР Кина (заемодавач) и ЈП за државни патишта (заемопримач) во износ од 505 милиони долари, а во декември 2019 година, склучен е договор за дополнителен заем во износ од 180 милиони долари, при што вкупното задолжување за овој проект изнесува 685 милиони долари. Од спроведениот теренски увид ревизорите констатирале дека најголем дел од делницата е трасирана, изградени се 25 вијадукти, при што различни делници се во различна фаза на изградба. Основни причини за забавената динамика за изградба на патната делница Кичево – Охрид се наведуваат: недостатоците на проектот, задоцнета експропријација поради нерешените имотно правни односи, потребата од дислокација на надземни и подземни инфраструктурни објекти, одобрување на нови одлагалишта на земја, како и недоволен број на технички кадар, механизација и опрема обезбедени од изведувачот (подизведувачите), велат од ДЗР.

Оттаму додаваат и дека до денот на завршување на ревизијата на прва, втора и четврта подделница на делницата Кичево – Охрид се појавиле 11 нови свлечишта, а можни се и нови, кои дополнително влијаат на потреба од нови варијации за надминување на состојбите, пролонгирање на рокот на нејзино завршување и исплата на дополнителни финансиски средства.

Следни делници по големина се: надградбата и развојот на патот – Ранковце – Крива Паланка, со инвестирани средства во вкупен износ од 2.774.354 илјади денари (приближно 45 милиони евра) и должина од 25,5 km, додека според цената на чинење за 1 km следна по големина е автопатската делница Скопје – Блаце со износ од 362.978 илјади денари (приближно 5,9 милиони евра).

Со најниска цена на чинење е регионалниот пат, делница Извор – Гарски мост (патен правец Дебар – Кичево), чија должина е 19 km, при што за изградба на 1 km од делницата инвестирани се 30.152 илјади денари (приближно 489 илјади евра).

-Со ревизијата е утврдено дека, 21 проект за изградба, рехабилитација и реконструкција на патни делници и изградба и инсталација на електронски систем за наплата на патарини, во износ од  14.430.650 илјади денари (приближно 234 милиони евра), иако се ставени во употреба и се користат, во сметководствената евиденција на претпријатието не се соодветно признати како недвижности. Како причина за оваа состојба се наведува неизвршениот технички прием поради нерасчистени имотно – правни односи при експропријација на земјиште, изградени локални патишта кои не се предадени на општините, изградена и непредадена автопатската делница Демир Капија-Смоквица со Министерство за финансии и несоодветна алокација на инвестиции по проекти. Овие средства генерираат приход, без притоа да бидат признаени соодветни расходи, односно за нив не е пресметан и признаен трошок за амортизација во претходниот период и во тековната 2022 година, се вели во соопштението.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 1 час

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 4 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 5 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 6 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 7 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 18 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 20 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 23 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 1 ден

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена