Поврзи се со нас

Вести

Бислимоски: Нема да дозволиме трошоците направени на некоректен начин да удрат на грбот на домаќинствата

Објавено

на

„Кога ќе ја носиме новата одлука за цената на електричната енергија на регулираниот пазар што ќе важи од 1 јули годинава ќе направиме се‘ за да се спречат малверзациите кои можат да влијаат на зголемување на цената што ја плаќаат домаќинствата“, порача вечерва претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски.

-Ова што го прават општините ниту е етички ниту, пак, морално. Кога беа намалени цените на слободниот пазар, општините штедеа – тогаш беше во ред. Сега кога се зголемија веднаш се прават малверзации за да се вратат на регулиран пазар. Има и компании кои прават фиктивен договор, па се враќаат на регулираниот пазар. Сега кога ќе ја носиме одлуката нема да дозволиме овие непредвидени трошоци направени во најмала рака на некоректен начин да удрат на грбот на домаќинствата. Затоа при носење на одлуката на цената РКЕ ќе преземе се што е во наша надлежност за да не бидат оптоварени домаќинствата со овие малверзации на општините и компаниите. Ако е криза за сите е криза, рече Бислимоски во емисијата „Топ тема“ на Телма.

Нагласи дека Управата за јавни приходи, Финансиската полиција и останатите институции веќе се известени за малверзациите кои се детектирани од страна на РКЕ со фиктивни договори за да се вратат на регулираниот пазар.

-Од октомври минатата година сите македонски компании на слободниот пазар се соочуваат со реално зголемени трошоци за набавка на електрична енергија. На 90 отсто од нив не им текна да прават вакви финти. Зборував за компании и општини кои потпишуваа фиктивни договори, потенцира Бислимоски.

Како што рече, лани во декември кога ја носеле одлуката за цената на електричната енергија, за потрошувачка биле предвидени 3,413 милијарди киловат часови, а сега се предвидува 3,946 милијарди киловат часови.

-ЕВН во своето побарување прикажа зголемување на потрошувачката на електрична енергија  за 533 милиони киловат часови. Тоа е поголема количина на електрична енергија од претходни. Тоа се дополнителни количини за кои ќе треба увоз, а цените достигнуваат до 500 евра за мегават час. ЕСМ и половина од нив да обезбеди по цена од 41 евра, а останатите 333 милиони киловат часови да се обезбедат по цена од 280 евра за мегават час плус маржа, плус набавка – тоа се 105 милиони евра непланирани од кои 30 милиони се на општините, останатите се на компании, појасни Бислимоски.

Ги повика општините и компаниите да бидат инвентивни и да постават фотоволтаици на своите покриви.

-Зошто општините не ги искористат покривите на училишта, на градинки на сите институциите што ги имаат. Зошто не размислуваат покрај фотоволтаци да изградат и мали хидроелектрани, како што имаат општините Кавадарци и Битола, рече Бислимоски.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Занимливостипред 5 часа

Куќата oд филмот „Сам дома“ продадена за 5,5 милиони долари

Македонијапред 6 часа

Трговците со забелешки за Законот за нефер трговски практики

Светпред 8 часа

Вашингтон се подготвува за „најстудената инаугурација“ во последните 40 години

Спортпред 9 часа

Македонија против Холандија вечерва во 2. коло од Светското првенство во ракомет

Гостиварпред 10 часа

Викенд временска прогноза

Здравје и убавинапред 11 часа

Која храна треба да се внесува, а која треба да се избегнува за време на настинка?

Занимливостипред 1 ден

Ова е Европскиот автомобил на годината

Македонијапред 1 ден

Вработените во инспекторатите не зеле декемвриска плата, протестот организиран од УПОЗ продолжува

Гостиварпред 1 ден

За еден ден 100 пријавени за вадење на светиот крст од Радика, Бигорски го објави редоследот на богослужбите за Водици

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Гостиварпред 3 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Македонијапред 4 недели

Метео предупредување-Денови со снег, дожд и силен ветер

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена