Поврзи се со нас

Вести

ЕУ се договори за нафтено ембарго врз Русија, со исклучок за земјите без излез на море

Објавено

на

    Лидерите на 27-те земји членки на ЕУ доцна синоќа постигнаа политички договор синоќа за ембарго од околу 90 отсто врз руската нафта, Унгарија го доби исклучокот што го бараше, јави дописничката на МИА од Брисел.

    И покрај песимизмот во одредени кругови во ЕУ, лидерите сепак изнајдоа начелен политички договор за руската нафта. До крајот на годината сировата нафта и нафтените производи од Русија ќе подлежат на ембарго, освен во случај на испораката на нафтоводот Дружба кон југот, објаснија претседателите Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен на прес-конференција по првиот ден од вонредниот лидерски самит.

    Целата нафта што се пренесува преку море ќе подлежи на ембарго, како и делот од нафтата што се пренесува преку нафтоводот Дружба кон северните земји, односно Полска и Германија. Нафтата пак што Дружба ја носи кон јужните земји, Унгарија и Словачка пред сѐ, ќе биде изземена согласно политичкиот договор склучен денеска на лидерско ниво.

    Амбасадорите на земјите членки на ЕУ во среда овој договор ќе го преточат во законски текст, најави претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел. Изземањето на земјите без излез на море е исто така привремено, потенцираше Мишел.

    – До крајот на годината 90 отсто од руската нафта ќе биде забранета, а ќе се навратиме што поскоро на привремениот исклучок, рече Мишел.

    Идејата е на земјите без излез на море да им се даде време да ги адаптираат своите инфраструктури за да можат да увезуваат друг вид на нафта од руската и од нафтоводот Дружба.

    – Десетте отсто што остануваат се јужниот дел на Дружба и се договоривме да се навратиме на ова што поскоро на еден или друг начин, ќе се навратиме, ова е голем чекор напред, веќе се ослободивме од јагленот, сега имаме договор за одвикнување од нафтата со јасен временски рок, рече претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

    Таа објасни и дека Хрватска се нуди да и помогне на Унгарија во транзицијата од Дружба кон јадранскиот нафтовод.

    – Има јадрански нафтовод чиј капацитет може да се зголеми како што објасни хрватскиот премиер, и навремено да испорача нафта во Унгарија, временскиот рок потребен за да се зголеми капацитетот е 45 до 60 дена, потребни се неколку инвестиции, исто така рафинериите во земјите без излез  на море ќе треба да се прилагодат бидејќи квалитетот на руската нафта  различен од јадранската нафта, рече фон дер Лајен.

    Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан исто така бараше гаранции во случај на оштетување на нафтоводот Дружба, што поминува низ Украина, дека ќе му биде дозволено да продолжи да добива руска нафта.

    – Ова е фер за европските граѓани, ја земаме предвид безбедноста на набавка на енергија, затоа и толку е тешко, на овој начин ќе биде помалку болно, помалку ризично, помалку тешко, рече Мишел, додавајќи дека овој исклучок не се однесува само на Унгарија туку на сите земји без излез на море.

    Освен ембаргото врз нафтата, лидерите денеска се согласија да ја исклучат најголемата комерцијална руска банка, Сбербанк, од системот СВИФТ, да се забранат низа руски компании во ЕУ и да се забранат уште три руски државни медиуми.

    Постигнат е и политички договор да и се обезбедат девет милијарди евра макрофинансиска помош на Украина.

    Сподели ја веста:

    ИСТРАЖУВАЧКА АНКЕТА:

    Дали користите PayPal?

    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement

    Отворени огласи за вработување:

    Advertisement
    Вестипред 17 минути

    „Лопови, Лопови“ – Во БиХ незадоволни граѓани излегоа на улиците

    Гостиварпред 2 часа

    Убавини од глина! Керамичка работилница во Гостивар по трет пат

    Вестипред 3 часа

    ТУК: Државата да овозможи вработување на 5 000 келнери, садопери, рецепционери и собари од Турција

    Македонијапред 4 часа

    Почнува вакцинација со четврта доза против Ковид-19

    Гостиварпред 5 часа

    Контрола во Гостивар: Летале казни за неносење маски во автобуси и такси возила

    Гостиварпред 6 часа

    Гостивар: Извршителка пријавила двајца браќа за закани по живот

    Гостиварпред 7 часа

    Дискусија во Гостивар на тема „Дискриминација во средните училишта“

    Македонијапред 8 часа

    Курбан Бајрам – 9 јули, неработен ден за граѓаните од муслиманска вероисповед

    Македонијапред 9 часа

    МВР: 47 полициски службеници се повредени на вчерашниот протест

    Македонијапред 9 часа

    Зголемен интензитетот на сообраќај, нема подолги задржувања на границите

    Занимливостипред 20 часа

    Некои од најпознатите забранети места на Земјата

    Гостиварпред 22 часа

    Старата џамија во Равен ќе биде целосно обновена до крајот на 2023 година

    Гостиварпред 1 ден

    Гостиварец обвинет за телесна повреда, истепал жена со која бил во љубовна врска

    Гостиварпред 2 недели

    Градскиот стадион во Гостивар добива нов современ лик

    Гостиварпред 2 недели

    Нов потфат на сопружниците Зендели од Гостивар, го искачија највисокиот врв во Иран

    Гостиварпред 2 недели

    Прекин на струјата утре во села и населби во Гостивар и Врапчиште

    Гостиварпред 2 недели

    Изложба во Гостивар: Девојките често добиваат сексуално вознемирувачки пораки по интернет

    Македонијапред 1 недела

    За влез во ЕУ од 2023 година, задолжително ETIAS барање и 7 евра влезница

    Македонијапред 2 недели

    Деца од социјални семејства на бесплатен седумдневен летен одмор

    Спортпред 2 недели

    ФК Арсими од Чегране оствари историски пласман во 2МФЛ

    Гостиварпред 2 недели

    Дечиња од Гостивар другаруваа, се едуцираа и порачаа: Разликите не‘ зближуваат!

    Што, како, каде?!пред 2 недели

    Неверојатни цени само за Вас! – Нов Ултра леток на Ултра Маркети

    Македонијапред 2 недели

    Исплата на јунските пензии од вторник

    Гостиварпред 1 недела

    Познатата стилистка едукатор Јелиз Каја во Гостивар

    Спортпред 2 недели

    ЕХФ го исфрли Вардар од Лигата на шампионите

    Гостиварпред 1 недела

    НСП: Во ек на криза МВР воведува 8 часовни смени, како полицајците да одат на работа од Гостивар до Ростуше?

    Гостиварпред 3 недели

    Пазар Гостивар: Поевтинети зеленчукот и овошјето, понудата богата и примамлива

    Гостиварпред 1 месец

    Весели, разиграни дечиња на приредбата „Збогум градинке“ во Гостивар

    Спортпред 1 месец

    Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!

    Спортпред 2 месеци

    МЗТ Скопје без проблеми во празната Младост против Гостивар 72-85

    Спортпред 2 месеци

    Пелистер славеше во празна сала со само „пет на пет“ против КК Гостивар

    Вестипред 2 месеци

    Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

    Спортпред 2 месеци

    КК Гостивар го „стопи“ и Еуроникел 78-70

    Гостиварпред 2 месеци

    Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

    Гостиварпред 2 месеци

    Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!

    Културапред 3 месеци

    Успешен концерт во Гостивар на друштвото „Браќа Ѓиноски“ во чест на Велигден

    Спортпред 3 месеци

    2МФЛ: ФК Гостивар го шокираше Вардар совладувајќи го 2-1

    Гостиарскипред 3 месеци

    Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење

    Гостиварпред 3 месеци

    Гостиварското основно музичко училиште прослави патронат

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена