Поврзи се со нас

Гостивар

Бојкот на наставата по турски јазик во гимназијата во Гостивар: „Затворањето на паралелката е дискриминација“

Објавено

на

Денес во гимназијата во Гостивар започна бојкот на наставата во паралелките на турски јазик. Како што појаснија професорите, причината е затворањето на една паралелка на турски јазик во прва година. Наместо три, како што било пракса до сега, годинава формирани се 2 паралелки. Со оглед дека се бележи зголемен број на ученици, кратењето на паралелката тие го сметаат како дискриминација.

„Почнуваме бојкот на наставата, а причината е затворањето на едната паралелка на турски јазик. Во училиштето наставата се изведува на три јазици, а почнувајќи од 1956 година непрекинато има настава и на турски јазик. Во учебната 2021/2022 година при упис на ученици во прва година има пораст на бројот на ученици на наставата на турски јазик, а од друга страна се соочуваме со затворање на една паралелка, што е неприфатливо за нас. На албански јазик се пријавиле и примени се 102 ученика во 7 паралелки, на македонски се пријавиле 19, а примени се 16 во две паралелки, додека на турски јазик пријавени се 60, а примени 52 во две паралелки, наместо три како што било во претходите години. Поради тоа одлуката за укинување на третата паралелка на турски наставен јазик, кој постоела 20 години, ја сметаме како класичен пример на етничка дискриминација. Бараме од надлежните институции безусловно враќање на третата паралелка. Да ја исправат неправдата“, рекоа професорите при денешниот бојкот.

Директорот на гимназијата Мирсад Исеини вели дека училиштето не одлучува за бројот на паралелки, туку само доставува барање до Министерството за образование, кое го има последниот збор. Гимназијата барала 3 паралелки на турски јазик, а МОН во конкурсот за упис предвидел 2.

„Има законски процедури. Ние доставивме барање, како и до сега да има 9 паралелки на албански, три на турски и две на македонски јазик. Министерството одобри 7 на албански, и по 2 на турски и македонски јазик. Како училиште не сме надлежни да одредуваме број на паралелки“, рече директорот.

Професорите кои бојкотираат велат дека ќе одат до крај, односно настава нема да има се‘ додека не се отвори трета паралелка во прва година. Известувањето за бојкотот и своето барање ги испратиле до Општината и Министерството за образование.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 51 минута

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 2 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 5 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 6 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 7 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 8 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 19 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 21 час

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 1 ден

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена