Гостивар
Болницата во Гостивар се поднови со современа машина за анестезија и реанимација
Во општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар пуштена е во употреба нова современа машина за анестезија. Како што информираат од болничката управа, првата интервенција со апаратот е веќе извршена и била успешна. „Директорот на Клиниката Гетинг Југоисточна Европа, д-р Вукашин Кариклиќ од Белград пред вработените го претстави најновиот модел на машината за анестезија МАКЕ, најсофистициран и најсовремен на сите времиња во однос на анестезија и реанимација. Тимот анестезиолози и медицински сестри, ја извршија првата интервенција кај еден пациент, по што персоналот и пациентот беа многу задоволни од ефикасната услуга, што ја нуди машината“, соопштија од болницата.
Апаратурата со вредност од 57.000 евра е набавена со пари од буџетот на болницата. Раководителот на одделот за анестезија и реанимација, д-р Садри Зеќири во лично име и во име на целиот тим му се заблагодари на директорот д-р Јакуп Јакупи и раководството на болницата за настојувањата да создадат добри услови за пациентите и вработените.
-
Гостиварпред 21 час
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград