Гостивар
Божиноски: Нашите вработени се горди што се дел од ХЕС Маврово

На одбележувањето за 65 години постоење на ХЕС „Маврово“, кое беше организирано денес во Вруток, директорот на овој хидроенергетски систем, Ѓорѓи Божиноски ги истакна значењето и улогата на мавровскиот систем и нагласи дека вработените се максимално посветени на својата работа и задачи.
„ ХЕЦ Вруток е акумулациона електрана и е најголема хидроелектрана во Република Северена Македонија, во која електрична енергија произведуваат 4 електрични генератори. „Врбен“ и „Равен“ се проточни. Електраната Равен има 3 генератори, а најоддалечената во селото Врбен има 2 генератори. Мавровскиот хидроенергетски ситем со трите електрани и со вкупна акумулација од 270 милиони метри кубни вода претставува еден од најголемите и најсложените во македонскиот електроенергетски ситем, Како долгогодишен вработен во ХЕС „Маврово“ добро сум запознат со работата, историјата и значењето. Сите наши вработени се горди што се дел од хидросистемот.
Кај хидроелектраните се зависи прво од Господ и природата, односно врнежите од дожд и снег, за да имаме вода, и второ многу е значајно тоа како работиме и ја менаџираме работата. Како раководтсво на ХЕС Маврово од декември 2017 година можам во мое лично име и во име на целиот колектив да кажам дека сме максимално посветени, работната дисциплина ни е на високо ниво. Свесни сме за предизвиците, за потребите на системот, за енергетската криза, неповолната хидрологија. Вложуваме големи напори да го исполниме нашиот дел, а во истовреме свесни сме за големиот товар што го носат нашите колеги од термоелектраните.“, рече Божиноски дополнувајќи дека континуирано изведуваат санации и реконструкции на системот и капацитетите, како и тековно одржување.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022