Поврзи се со нас

Гостивар

Брачен пар од Гостивар ќе се искачува на Килиманџаро, знамето на општината ќе се развее на највисокиот врв во Африка

Објавено

на

Пред Ајфер и Ќерамедин Зендели од Гостивар стои голем потфат. Овој брачен пар планинари ќе се искачуваат на Килиманџаро, на врвот Ухуру, кој со 5895 метри надморска висина е највисок афрички врв. Нивната возбудлива планинарска приказна започнува утре, кога заминуваат во Африка, како учесници во „Експедиција Килиманџаро 2022“.

Сопружниците Зендели се искусни планинари и долгогодишни членови на планинарското друштво „Шари“. Тие се први учесници во искачување на Килиманџаро од Гостивар. Оваа планинарско доживување ќе биде крунисано со одбележување на јубилеј – 3 децении брак.

„Подготовките ги правиме заедно со нашиот водич Исмет Шурбан, тој ни е главен ментор. Скоро од 2013-та година се подготвуваме, имаме скоро 420 планинарски акции зад нас, ние секој викенд сме на врвовите на планините низ Македонија. Но, секако и надвор од државата, како во Бугарија, во Грција на Олимп.“, вели Ќерамедин.

Зендели се членови на Планинарското друштво „Шари“ и денес во пресрет на заминувањето за Африка заедно со раководството на друштвото, беа на прием кај градоначалникот, Арбен Таравари. Од него добија симболични подароци термоси, како и општинското знаме кое се очекува да го развеат на врвот.

„Ова е големо задоволство за мене како градоначалник. Им подаривме знаме на општината. Има ли поголемо задоволство за една општина, за граѓаните да се развее знамето на еден од највисоките врвови на светот. Им посакувам што поубави моменти и доживувања на искачувањето на Килиманџаро“, рече Таравари.

Претседателот на друштвото, Керим Абази се заблагодари на градоначалникот и општината за приемто и на планинарите им посака успешно искачување.

„Сигурен сум дека нашите членови се подготвени за овој потфат. Им посакувам успех и да се вратат во Гостивар со убави спомени од Африка.“, рече Абази.

Килимаџаро е вулканска планина, во североисточна Танзанија во близина на границата со Кенија. Висината од околу 5.900 метри овозможува на врвот да има „вечен снег“ и покрај тоа што таа се наоѓа на само 330 километри јужно од Екваторот. Друга карактеристика е тоа што оваа планина ја има најголемата висинска разлика помеѓу рамнината на подножјето и врвот: 4.600 метри.

Килиманџаро е планина со три вулкански кратери кои се претпоставува дека последен пат еруптирале пред 100.000 години.

 

 

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена