Поврзи се со нас

Гостивар

Буџет на Гостивар за 2021: Повеќе пари за капитални инвестиции, канализации, зафати во училиштата

Објавено

на

Буџетот на Општина Гостивар за следната година е проектиран на една милијарда и 120 милиони денари, односно околу 18,2 милиони евра. Споредено со годинава, се бележи зголемување од 4,5%. Најголемиот дел од консолидираниот буџет, околу 60% отпаѓа на дотации, кои се трансфери од неколку Министерства за плати на вработените во училиштата, градинките и противпожарната служба.

Општината за наредната година испланирала повеќе пари за капитални инвестиции како и за изградба на канализации.

„Како карактеристика треба да се нагласи дека предвидено е зголемување на средствата за капитални инвестиции и тоа за 38% повеќе од буџетот за годинава, или во сума 500 илјади денари повеќе. Вкупно за капитални инвестиции во 2021-ва се планирани над 145 милиони денари. Исто така, зголемување има на планираните средства за пречистување на отпадни води, конкретно изградба и реконструкција на канализации, и во тој дел имаме 200% зголемување. Поконкретно од 8 милиони денари, колку што биле годинава на 25 милиони денари. Зголемување има и во капиталните инвестиции во образованието и тоа од 10 на 22 милиони денари. Исто така и во делот на заштита на животната средина покачување од од 1,3 милиони денари на на 2,7. Во предлог-буџетот за наредната година, има и нова програма за Младинскиот совет, за која се предвидени 1,2 милиони денари и во тие рамки треба да се реализираат над десет проекти од различни области: култура, спорт и слично“, вели Газменд Исмаили, раководител на Сектор за буџет и финасии.
Исмаили нагласи дека планирано е 33% од основниот буџет да се одвојат за капитални инвестиции, што е значајно, со оглед дека основниот буџет се средствата кои општината ги обезбедува од сопствени извори.

Предлог-буџетот на Гостивар треба да се најде на гласање пред Советот кон крајот на месецот. Во четврток напладне, општината на онјалн платформата зум организира јавна дебата на која граѓаните може да дадат предлози и мислења за буџетското планирање. Линкот за учество на зум дебатата претходно ќе биде објавен на веб страницата на општината.

 

 

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: ПЕНЗИОНЕРИ | Гостинка: Живка Матевска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Занимливостипред 11 часа

Расположението се менува и под влијание на боите

Гостиварпред 15 часа

Матевска: Ние сме единствена земја во светот каде пензионерите протестираат, не се издржува!

Македонијапред 16 часа

Од 1.500 до 3.000 денари месечно државна помош за пензионерите со ниски пензии

Македонијапред 17 часа

Антикризни мерки: За ученици по 20/30 евра месечно, за студенти ваучер за превоз…

Македонијапред 18 часа

МВР трага по 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, објавени фотографија и опис

Македонијапред 20 часа

ДЛ: Во четврток ќе се празнува среќата, ќе се слави музиката од 1990-те и 2000- те, ќе се потсетуваме на едно убаво време!

Македонијапред 21 час

Повлечена пакувана вода ризична за луѓето

Гостиварпред 22 часа

Нова песна на гостиварското дуо “D’Reamers”

Регионпред 23 часа

Владата на Словенија ќе ги врати парите на граѓаните од казни за прекршување на мерките против Ковид

Животпред 4 недели

Дворот на Василески во Гостивар е рај за очи и душа! Уникатно катче кое дише со љубов и внимание

Што, како, каде?!пред 4 недели

Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила

Гостиварпред 2 недели

Во Гостивар ќе се одбележат 100 години од раѓањето на еден од најголемите херои на Македонија, Чеде Филиповски – Даме

Гостиварпред 4 недели

Пензионерите во Гостивар учеа како самостојно и безбедно да користат интернет

Гостиварпред 4 недели

Здружението „Д-р Трајче Нешковски“ и Општина Гостивар заедно за поддршка на децата со попреченост

Гостиварпред 4 недели

Протест на пензионери во Гостивар: Не може да се опстане со 10-12 илјади денари пензија!

Гостиварпред 4 недели

Семејството е во криза, се‘ повеќе разводи во Гостивар, бракови се растураат како кула од карти

Гостиварпред 4 недели

ОВР Гостивар лиши од слобода 3 лица под сомнение за дивоградба

Гостиварпред 6 дена

Потресувачки случај на самоповреда и напад во семејство во гостиварско, четири лица пренесени во болница

Гостиварпред 3 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 4 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 4 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 4 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 4 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 5 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 5 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Advertisement
.

Популарно изминативе 100 дена