Поврзи се со нас

Вести

Бурна нова учебната година во Гостивар – денес општината со обвинувања кон ДУИ

Објавено

на

Меѓусебните обвинувања на општинското раководство, училишните управи и огранокот на ДУИ за состојбите во училиштата во Гостивар продолжуваат. Денес, прес конференција одржа раководителката на општинскиот Сектор за образование, посочувајќи дека ДУИ го деградира образованието во Гостивар, а одземањето на надлежностите било направено со цел да се ​​спречи градоначалникот во стратешкото планирање во областа на образованието.

„Директорите назначени од министерот за образование добиваат партиски наредби, принудувајќи ги документациите на училиштата да ги достават во седиштето на ДУИ. Дали има поголема мизерија од ова? Дали има поголемо понижување за образованието, па и за партиските директори? Наместо да има инвестиции, наместо да надвладеат  вредностите, во време кога младите во голема мера се иселуваат од земјава, ДУИ ја деградира и таа трунка надеж на општеството, а тоа е здравото образование на младите генерации. Ние како општина, не направивме партиска селекција на наставниците. Ние поднесовме барање за трансформација на работниот однос за над 40 работници. Шест месеци не добивме одговор. Не одговарањето, држењето во фиока на документацијата, ја одразува целта и интеракцијата на Министерството во овие скандали за чистка на наставниот кадар во Гостивар.“, изјави Снопче.

Од гостиварскиот огранок на ДУИ порачаа дека како партија се посветени на обезбедување помош и поддршка на училиштата и надминување на проблемите, кои како што велат се создадени од локалната власт на Таравари. „Во соработка со државните институции ќе работиме на отстранување на сите пречки кои влијаат на напредокот на процесот на образование“, наведуваат од партијата.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена