Поврзи се со нас

Вести

Четириесетина жени биле жртви на семејно насилство лани во Гостивар

Објавено

на

Службите во Центарот за социјална работа во Гостивар, годишно регистрираат по 40 до 60 случаи на семејно насилство. Нивното искуство покажува дека најчесто жртви се жените и дека семејното насилство не е врзано со социјалниот и материјалниот статус. Малтретирањето е присутно во сиромашни и во богати домови, а насилници биле необразовани, но и лица со дипломи и на функции.

„Семејното насилство не бира, исто како и зависностите, алкохолот, дрогата. Значи, го има и кај материјално ситуирани и во сиромашни семејства.“, потврдува социјалниот работник, Ратко Тримчески. Тој додава дека Македонија има модерни законски одредби кои ја третираат проблематиката на семејно насилство, но, во пракса се покажало дека постоечките центри за згрижување на жртвите немаат доволно капацитет и не ги задоволуваат потребите. Така жртвите, доколку решат да побегнат од насилникот најчесто се оставени сами на себе.

Минатата година, тимот во Центарот за социјални грижи во Гостивар работел на 39 предмети за семејно насилство. На почетокот на оваа година, на поширокото гостиварско подрачје беа регистрирани зачестени случаи на малтретирања на жени.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена