Поврзи се со нас

Култура

„Чист хероин“, трета книга на гостиварецот Дејан Крстески

Објавено

на

„Чист хероин“ е насловот на најновото книжевно дело на гостиварецот Дејан Крстески, кое неодамна излезе од печат, во издание на „ПНВ Публикации“. Со авторот поразговаравме за новата книга, пишувањето и создавањето на ликовите, плановите за во иднина…

Новата збирка раскази е твоја трета книга. Кажи ни малку повеќе за делото, колку време ја пишуваше, каква е тематиката во расказите, зошто токму „Чист хероин“ како наслов…

-Книгата „Чист хероин“, издание на „ПНВ Публикации“  се случи многу случајно и непланирано. Во неа се сместени поголемиот дел од расказите кои ги напишав после објавувањето на мојата прва книга, што значи дека станува збор за неколку годишно оформување на тоа што денес стои на страниците од книгата. Во однос на тематиката, не избегав од себеси и она по што сум препознатлив. Можам да кажам дека секој збор, секое четиво од оваа книга упатува на различни конотации, притоа создавајќи една внатрешна конзистентност типична за мене. Тоа што јас го создавам е длабоко и искрено. Никогаш не сум во потрага по теми, тие ме наоѓаат мене а јас ги сместувам на хартија. Една од моите најголеми опсесии во оваа книга е секако времето, како една од најголемите енигми на животната филозофија. Збирката не е примарно врзана за одреден временски период или простор, ниту пак за одредена група на читатели. Затоа можам да кажам дека претставува едно универзално четиво кое ќе биде предизвик за читателите. Несомнено, за книжевноста може да се каже дека е одлична кога таа е вознемирувачка. Па иако содржината од „Чист хероин“ може да биде вознемирувачка за дел од читателите, верувам дека ова е дело кое се чита во еден здив. Секако дека книгата нема никаква поврзаност со социјално патолошките поведенија. Насловот се однесува на впечатокот кој расказите го предизвикуваат, па така може и да се толкува.

-Каде ги наоѓаш ликовите за кои пишуваш? Повеќе во себе или околу себе?

-Јас пишувам кога внатрешниот нагон ќе ме присили на тоа и во зависност од моменталната инспирација. Секој лик од книгата носи дел од мене, но и од секој човек кој на овој или оној начин пристапил во мојот фокус. Всушност сите ние, луѓето ги гледаме онакви какви што ние сме, а не какви што се тие. Истото се однесува и на перцепцијата на себеси. Реалноста не ме импресионира… Би било многу несериозно кога би рекол дека оживувањето на еден лик е обична игра. Создавањето на еден лик е опасна работа, бидејќи никогаш не можеме да претпоставиме каде истиот процес може да заврши. Писателот ги чувствува своите ликови на поинаков начин. Тој ги знае нивните тајни, дише ист воздух со нив, вечера на иста маса со нив, легнува во кревет со нив. Не затоа што тоа го сака, туку затоа што не може да ги отстрани од својата глава. Процесот е посилен отколку што може да се замисли. Затоа секој лик е онолку мој колку што сум јас негов. Секој лик носи дел од мене и од сите нас.

-Ти си млад човек со две факултетски дипломи (македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет и психологија на Филозофскиот факултет), покрај новото дело имаш објавено и збирка раскази „Поглед кон небото“ и збирка поезија „Луѓе без лице“. Каква е животната филозофија на еден млад човек кој во средиштето на вниманието ја има книгата, во едно потрошувачко општество на инстант вредности какво што е денешното?  

-Не верувам во отпорноста на животните филозофии, затоа што понекогаш е навистина тешко да се остане свој и доследен на себеси живеејќи во хаосот на модерното време. Сите вредности и верувања се ставени во подредена улога на прилагодувањето и борбата со очекувањата. Иако бегството од реалноста не е решение, пишувањето и читањето ми се од голема помош. Книгата е многу повеќе од хартија – таа е непресушен извор. Жалам што многу  луѓе го изедначуваат читањето со губење време или со активност која е непотребна. Сличен е и односот на луѓето кон пишувањето, изедначувајќи го со лудост вредна за потсмев. Но јас не се грижам за тоа. Повеќе би се загрижил кога повеќето луѓе би почнале да се согласуваат со мене. Тогаш би знаел дека некаде грешам.

-Кога погледнуваш во иднината, каде се гледаш себеси?

-Не толку често погледнувам во иднината, можеби затоа што се плашам од неизвесноста. Но кога сепак ќе погледнам, се гледам себеси како пишувам. Ништо не може да се поистовети со пишувањето и за мене претставува посебно задоволство. Исто така, уште пред многу години си поставив една и единствена цел кон која тежнеам, а тоа е да бидам подобар човек. Иако тие што ме познаваат би рекле дека сум  реалист, јас навистина замислувам еден поубав свет. Еден свет во кој владее хармонија и урамнотеженост, а јас активно учествувам во креирањето на едно подобро утре. Иако оваа идеа може да звучи помалку утопистички, јас се надевам дека еден ден се ќе си дојде на свое место.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 3 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 5 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 9 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 10 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 12 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 14 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 15 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 1 ден

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена