Поврзи се со нас

Култура

Гостиварец влезе во финалето на поетскиот фестивал „Литературни искри 2018“

Објавено

на

Познати се имињата на поетите кои влегоа во финале на годинешното петто по ред издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри 2018“ во Гостивар. За фестивалските награди се борат: Жаклина Филипова Свеќаровска (Кочани), Пеце Цветкоски (Битола), Цветанче Костоска (Крушево), Катја Вангелова  (Варна, Бугарија), Александар Михајловиќ (Гостивар), Тони Павлески (Прилеп), Никодин Чернодримски (Скопје), Давор Крстевски (Куманово), Владимир Милојковиќ, (Суботица, Србија) Елена Пренџова (Скопје), Теофила Поп Димитрова (Штип) и Снежана Паноска (Прилеп).

Годинава, песните пристигнати на конкурсот ги оценуваше жири комисија во состав претседател: Раде Силјан (поет, литературен критичар, есеист, член на ДПМ) и членовите: Габриела Петроска, професор по македонски јазик, лектор и Васфије Билали Ејупи, професор по албански јазик. Финалистите беа избрани во конкуренција од стотина автори.

„Благодарение на добрата замисла и големата упорност на ентузијастите од Гостивар,веќе петта година се одржува  манифестацијата „Литературни искри“,преку која се афирмираат нови имиња од повеќе јазични средини. Организаторите на оваа книжевна манифестација се исклучително посветени на високиот чин на поезијата, целосно почитувајќи ја анонимноста  при изборот на песните пристигнати на конкурсот. Големиот српски поет Бранко Миљковиќ беше пророк кога пред скоро шест децении ни порача, дека еден ден сите ќе пишуваат поезија. Но, ако  во негово време стиховите се пренесуваа преку етаблирани книжевни гласила, денес, во ерата на развиената технологија,фејзбукот стана главна алатка,па многумина ја имаат привилегијата брзо да ги дистрибуираат своите лирски пораки. Во овој поглед традиционалната манифестација „Литературни искри“ ја има улогата да обединува и афирмира  творечки определби од вљубеници на пишаниот збор од повеќе јазични средини. По својата концепција е уникатна и заслужува искрена почит, но и поголема материјална поткрепа од надлежните институции“, пишува во својот осврт Раде Силјан.

 Фестивалот доделува Гран при, Прва, Втора и Трета награда, Награда за најдобар странски автор и Најуспешна млада искра. Наградите се состојат од плакети и книги.

Петтото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар ќе се одржи на 26-ти мај, со поетско читање и соопштување на наградените.

Организатори се Здружението за култура Дунек и Центарот за култура АСНОМ од Гостивар, со финансиска поддршка на општина Гостивар. Поетскиот фестивал се одржува во чест на Денот на сесловенските просветители.

Gostivarpress.mk е медиумски партнер на фестивалот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена