Култура
ЛИТЕРАТУРНИ ИСКРИ ’17 | Чорниј Мешкова: „Стихови со суптилен вез на сопствен микрокосмос“
По објавувањето на имињата на авторите финалисти на овогодинешниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар, ви пренесуваме и дел од освртот на претседателот на жири комисијата, поетесата Вера Чорниј Мешкова, член на ДПМ.
„Одгласот на годинашниот Конкурс на фестивалот – 71 творба, според бројноста и квалитетот на пристигнатите творби само го потврдува интересот за поезијата и опстојбата на поетскиот збор, којшто секогаш плени, возвишува, напати опсудува, прорекува, но и благовестува.
–Никогаш и никаде литературните постапки ни профилирале ни создавале истакнати автори, ниту пак ги извишувале нив како адепти на одредени колективни занеси. Нивното извишување секогаш и секаде било резултат на енергетските капацитети на нивниот творечки потенцијал-, цитирајќи го многупочитуваниот академик Гане Тодоровски, ќе додадам дека и овој пат тоа се потврди со препрочитување на пристигнатите творби на новите и веќе потврдените поетски современици од Македонија и на Балканот. Плеада на творци што ве ваби, предизвикува и жеднее за препрочитување, за доречување на светлината на нивниот поетски потенцијал.
Овогодинешниот таканаречен златен одбир се одликува со раскошна смисла на опсервација, со умешност за проникнување во сферата на психолошката стварност, разгорување на богатата сугестивност на сликовитата реч; со суптилна тематика, со леснотија на изразот. Нивната поезија е суптилен вез на сопствен микрокосмос; осознавање на непознатото, можното и вечното, со напластена игра на зборови во кои се крие одговорот. Честопати е суптилна тематска градација исполнета со бројни метафори, натпевање на шаренилото од мисли и внатрешната устројба на песната. Присутно е уверливото експонирање на мислата со доловување на вонвременското. Напати певот е влезен во сугестивна култивираност на елиптичката реч. Исповедна, интимна лирика, што плени и метафоричен говор, што ја истражува и бојата на архаичното ткаење на структурата на песната. Некогаш исповед што од пазувите на болката преку солзата и мајчиното млеко ги мие гревовите и ја задоволува човечката запрашаност за можностите и завршетоците; микроестетски градации на темата современата личност и воспримањето на пресвртите и жестокоста што го носи животот.“
Фестивалот ќе се одржи во Центарот за култура во Гостивар, следната сабота, 20-ти мај. Порталот Gostivarpress.mk медиумски ја поддржува манифестацијата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград