Гостивар
Центарот за култура АСНОМ Гостивар со концерт ќе го прослави 2 Август

Во чест на големиот државен празник, 2 Август-Денот на Републиката, гостиварскиот Центар за култура организира концерт на камерна музика. Пред публиката во Гостивар ќе се претстави камерното трио предводено од виолинистката Пламенка Трајковска, кое промовира камерна и класична музика преку различни форми и изведба на различни видови музички програми.
„По повод 120 години од Илинденското востание и 79 години од АСНОМ, воедно и патронен празник на нашата установа, ги покануваме сите граѓани на концертот, заедно да поминеме прекрасни мигови“, наведуваат од Центарот за култура.
Одбележувањето се организира со поддршка на Министерството за култура. Концертот ќе се одржи во среда (2 август) со почеток во 20 часот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 4 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос