Поврзи се со нас

Гостивар

Централна прослава на големиот јубилеј – 1.000 години Бигорски Манастир

Објавено

на

Македонското светилиште, манастирот „Свети Јован Бигорски“ денес ја одржува централната прослава по повод јубилејот 1.000 години постоење, која започна со Божествена Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Архиепископот на МПЦ, г.г Стефан.

Во продолжение ќе следува доделување на ордени и благодарници на поединци и организации, кои дале значителен придонес за Бигорски и за неговата евангелско-просветна мисија.

На централното одбележување, вчеравечер му претходеше вечерна празнична богослужба, со која чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, во сослужение со игуменот на Манастирот „Свети Наум Охридски“, Архимандрит г. Нектариј, украсена со благодарственото слово на игуменот, Епископот Антаниски г. Партениј, во кое го истакна значението на Бигорското илјадалетие:

„Илјадагодишното наследство во коешто се слева текот на богослужбениот и аскетско-исихастичкиот живот, го направиле ова место плодотворна почва за обожение, Едемска градина за духовно наситување и за успокојување, прибежиште на душите изморени и обременети од гревот и светот. Во текот на десетте изминати столетија, Бигорски заблескал подобно на Горнатата одаја во Ерусалим, и во него секојдневно се слуша шумот на Педесетницата; оваа благословена падина на Бистра се открила како нова Таворска Гора, каде што преку зраците на Таворската светлина се преобразиле и осветиле многу души; реката Радика, пак, се покажала како некој нов Јордан, каде што непрестајно одекнува Претечевиот повик за покајание: Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно, повик којшто силно одекнувал во нејзината клисура со векови, и оттаму се ширел како ехо низ нашите градови и села.“

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена