Поврзи се со нас

Занимливости

Црна Гора, Хрватска и Грција најавуваат почеток на летната сезона и отворање на плажите

Објавено

на

Црна Гора, Хрватска и Грција најавија почеток на летната сезона и отворање на плажите наскоро, притоа потенцирајќи дека одредени мерки на заштита ќе мора да се почитуваат. Грчките власти пак проценуваат дека земјата поради коронавирусот веќе изгубила 22 милијарди евра.

„Размислуваме да ги отвориме кафулиња, рестораните, трговски центри и плажите околу 18 мај, доколку епидемиолошката состојба е поволна и секако во согласност со одредени регулативи“ – изјави директорот на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, Бобан Мугоша за ТВЦГ.

Како што објави „Јутарњи лист“, во Хрватска се прават и забрзани подготовки за отворање на летната сезона, а првите странски туристи би можеле да пристигнат во хотелите, како што е најавено уште на 1 јуни, најдоцна кон средината на јуни.

„Туристите ќе можат повторно да дојдат во Грција од 1 јули“ – најави министерот Герапетритис, пренесува ДПА.

Пандемијата на коронавирус создаде паника кај грчките хотелиери, туристички агенции, угостители и сродни индустрии, а третина од нив стравува од банкрот. Грчките власти проценуваат дека земјата изгубила 22 милијарди евра и околу 45.000 работни места како резултат на пандемијата.

Туристичката индустрија учествува со 30 проценти од бруто домашниот производ на Грција и дава најголем придонес во буџетот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена