Поврзи се со нас

Македонија

Црвенковски: Потпишувањето Договор за пријателство со Бугарија со таква содржина беше голема грешка

Објавено

на

    Потпишувањето на Договорот за пријателство и соработка со Бугарија со таква содржина, посебно со формулацијата за „заедничка историја“ и формирањето на мешовитата историска комисија со мандат да арбитрира околу историските настани и личности, беше голема грешка, истакна поранешниот претседател на државата Бранко Црвенковски на трибината организирана од страна на Советот на амбасадори на тема „Предизвиците на македонската надворешна политика“.

    Според Црвенковски, Договорот не само што не затвори ниту едно прашање, туку напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа за цела серија барања од страна на Бугарија, кои, како што нагласи, „до таа мера задираат во нашиот национален идентитет и историја што компромис едноставно не е можен“.

    Односите со Грција по потпишувањето на Преспанскиот договор, вели, се неспоредливо подобри отколку пред договорот, а сосема спротивно, како што смета тој, односите со Бугарија се неспоредливо полоши по, отколку пред потпишувањето на договорот.

    – Тезата која се пласираше во јавноста дека за националниот идентитет не преговараме, а за историјата ќе се договориме, во самата своја основа е апсурдна. Секој и сечиј национален идентитет е резултат на историски процес кој се потпира на одредени историски меѓници, настани и личности. Ако тие меѓници ви бидат одземени и прогласени за туѓи, од националниот идентитет не останува ништо освен празна реторика, потенцира Црвенковски.

    Тој се осврна и на изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дадена за време на неговата посета на Берлин дека нема да дозволат македонизмот да влезе во ЕУ, нагласувајќи дека ние од македонизмот ниту можеме, ниту смееме да се откажеме.

    – Имајќи ги предвид огромните и непомирливи разлики меѓу позициите и „црвените линии“ на двете страни единствено можно решение, според мене, за овој спор е, јас би го нарекол „асиметрично“ толкување на историјата и идентитетските прашања, кои произлегуваат од неа, односно секоја страна да си го задржи правото на сопствено видување и притоа тоа да не претставува никаква пречка во билатералните и мултилатералните односи. Дали и кога, е такво нешто можно јас не знам. Но, она што сигурно го знам е дека треба веднаш да се прекине со праксата присутна во последните 4-5 години на лесно и без основа подигање на очекувањата дека решението е на повидок и само што не се случило. Големи, а нереализирани очекувања водат кон големи разочарувања, рече Црвенковски.

    Според него, македонската јавност треба да се подготви, и од страна на власта и од страна на опозицијата, дека блокадата од страна на Бугарија може да потрае во подолг временски период и дека заради тоа нема да ги почнеме преговорите со Европската Унија.

    Црвенковски смета дека ветото на Бугарија ќе се повтори и на претстојниот јунски самит на ЕУ.

    – Јас отсекогаш верував дека за нас процесот на преговори за придружување на Унијата е исто толку, ако не и поважен од самиот чин на стекнување полноправно членство, затоа што во изминативе 30-тина години независност на Македонија се покажа дека за жал, не постои доволно силно изразена политичка волја да спроведеме која било суштинска реформа ако не постои поттик односно притисок од надвор, рече Црвенковски, додавајќи дека мора да изнајдеме сопствени сили и јасно консензуално изразена политичка волја и решеност промените да ги спроведеме во државата, не затоа што Брисел тоа го бара од нас, туку затоа што тоа ни е потребно.

    Црвенковски упати остра критика кон сите институции кои според Уставот на нашата држава се задолжени за креирање и водење на нашата надворешна политика, а се однесува за односот кон нашата дипломатска мрежа.

    – Постојано од сите институционални нивоа и од власта и од опозицијата, се повторува дека САД се нашиот најважен стратешки партнер. Се истакнува во чие време бил потпишан Договорот за стратешко партнерство или пак во чие време ќе се води стратешкиот дијалог за продлабочување на партнерството, а се со цел во јавноста да се освојат одредени политички поени. И сега погледнете го следниот апсурд. Македонија во Вашингтон нема свој амбасадор цели 4,5 години. Тоа е апсолутно неодговорно и недозволиво. Но, има и од лошо-полошо. Република Македонија си дозволи во два наврати да предложи кандидати кои од страна на САД не беа прифатени. Ова е прв таков случај во историјата на независна и суверена македонска држава и тоа баш во однос на најмоќната, највлијателната држава во светот, во исто време и наш како што велиме најважен стратешки партнер. Штетата која со вакви неодговорни постапки се нанесува на угледот на Република Македонија е огромна, нагласи Црвенковски на трибината во организација на Советот на Амбасадори.

    По воведните обраќања на претседателот на Советот на амбасадори Мухамед Халили и поранешниот претседател на државата Црвенковски, се одржа дебата на која говореа поранешни амбасадори и професори. 

    Сподели ја веста:

    ИСТРАЖУВАЧКА АНКЕТА:

    Дали користите PayPal?

    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement

    Отворени огласи за вработување:

    Advertisement
    Занимливостипред 11 часа

    Некои од најпознатите забранети места на Земјата

    Гостиварпред 13 часа

    Старата џамија во Равен ќе биде целосно обновена до крајот на 2023 година

    Гостиварпред 15 часа

    Гостиварец обвинет за телесна повреда, истепал жена со која бил во љубовна врска

    Гостиварпред 17 часа

    Во Гостивар 4 нови позитивни на корона, активни се 18 случаи

    Гостиварпред 18 часа

    ЈО: Обвинение за злоупотреба на службена положба во општина Маврово Ростуше

    Гостиварпред 18 часа

    Ласерска корекција на диоптрија сега за 400 еур од око

    Гостиварпред 19 часа

    Гостивар домаќин на Балканскиот куп во традиционално турско стрелаштво

    Гостиварпред 21 час

    Србин и Мароканец приведени од гостиварската полиција

    Вестипред 22 часа

    Цената на струјата во ЕУ урива рекорди

    Македонијапред 23 часа

    Дополнителна субвенција од 5.760 денари за сите земјоделци со еден или повеќе хектари житни култури

    Здравје и убавинапред 1 ден

    Бананата помага за понизок крвен притисок

    Македонијапред 1 ден

    Протест против францускиот предлог пред Влада и Собрание

    Гостиварпред 2 дена

    На три локации во Вруток пронајдени 12 кубика огревно дрво од дива сеча

    Гостиварпред 2 недели

    Градскиот стадион во Гостивар добива нов современ лик

    Гостиварпред 2 недели

    Утре цел Гостивар и селата без струја неколку часа!

    Гостиварпред 2 недели

    Нов потфат на сопружниците Зендели од Гостивар, го искачија највисокиот врв во Иран

    Гостиварпред 2 недели

    Прекин на струјата утре во села и населби во Гостивар и Врапчиште

    Гостиварпред 2 недели

    Наградени математичари на прием кај градоначалникот Таравари

    Гостиварпред 2 недели

    Благодарница за скијачот Виктор Петков од Општина Гостивар

    Гостиварпред 2 недели

    Изложба во Гостивар: Девојките често добиваат сексуално вознемирувачки пораки по интернет

    Македонијапред 1 недела

    За влез во ЕУ од 2023 година, задолжително ETIAS барање и 7 евра влезница

    Македонијапред 2 недели

    Деца од социјални семејства на бесплатен седумдневен летен одмор

    Спортпред 2 недели

    ФК Арсими од Чегране оствари историски пласман во 2МФЛ

    Гостиварпред 2 недели

    Дечиња од Гостивар другаруваа, се едуцираа и порачаа: Разликите не‘ зближуваат!

    Што, како, каде?!пред 2 недели

    Неверојатни цени само за Вас! – Нов Ултра леток на Ултра Маркети

    Македонијапред 2 недели

    Исплата на јунските пензии од вторник

    Гостиварпред 3 недели

    Пазар Гостивар: Поевтинети зеленчукот и овошјето, понудата богата и примамлива

    Гостиварпред 1 месец

    Весели, разиграни дечиња на приредбата „Збогум градинке“ во Гостивар

    Спортпред 1 месец

    Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!

    Спортпред 2 месеци

    МЗТ Скопје без проблеми во празната Младост против Гостивар 72-85

    Спортпред 2 месеци

    Пелистер славеше во празна сала со само „пет на пет“ против КК Гостивар

    Вестипред 2 месеци

    Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

    Спортпред 2 месеци

    КК Гостивар го „стопи“ и Еуроникел 78-70

    Гостиварпред 2 месеци

    Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

    Гостиварпред 2 месеци

    Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!

    Културапред 3 месеци

    Успешен концерт во Гостивар на друштвото „Браќа Ѓиноски“ во чест на Велигден

    Спортпред 3 месеци

    2МФЛ: ФК Гостивар го шокираше Вардар совладувајќи го 2-1

    Гостиарскипред 3 месеци

    Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење

    Гостиварпред 3 месеци

    Гостиварското основно музичко училиште прослави патронат

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена