Поврзи се со нас

Гостивар

ЦУК: Во полошко зголемено ниво на водотеците, но засега без опасност од излевање

Објавено

на

Според информациите добиени од Регионалните центри за управување со кризи, засега состојбата со водотеците е стабилна и не се регистрирани посебни зголемувања на истите, како и излевања, соопшти Центарот за управување со кризи.

„Во регионот што го покрива РЦУК Тетово (Тетово и Гостивар), до нема пријава за поплавени објекти или излевање на реки и речни потоци, додека нивото на водотеците е подигнато, но засега нема опасност од излевање.
Во текот на вчерашниот ден во Тетово се бележи поголем дефект на водоводната мрежа, за што од страна на ЈП „Водовод и канализација“ – Тетово се преземени мерки и дефектот е отстранет во ноќните часови.
Пријавени се помали дефекти во снабдувањето со електрична енергија во Мавровскиот регион. Врнежите од дожд засега се со слаб интензитет.“, стои во известувањето на ЦУК.

Податоци од УХМР за наврнат воден талог за 24 часа, до 8 часот (во л/м2):
59 Демир Капија; 54 Скопје – Петровец; 50 Охрид; 41 Пожаране; 37 Прилеп; 33 Битола, Штип; 31 Скопје – Зајчев Рид; 29 Ѓуриште; 27 Тополчани, Крушево; 26 Крива Паланка; 25 Тетово, Претор; 24 Куманово; 22 Дебар; 15 Дојран; 11 Виница; 10 Гевгелија; 9 Струмица; 4 Берово.

Времето денес ќе биде претежно облачно со чести врнежи од дожд. Попладне локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и изолирана појава на град. Во текот на денешниот ден, како и во текот на ноќта повторно се очекува да наврне поголема количина на воден талог, на места над 35 л/м2.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 6 часа

Љупчо Палевски Палчо спроведен во Истражниот затвор во Шутка

Занимливостипред 9 часа

Како да ја одберете вистинската книга за читање?

Вестипред 11 часа

Словачкиот премиер Фицо во животозагрозувачка состојба откако беше пукано во него

Македонијапред 12 часа

Велковски: Сeкое дете ќе добие Европска детска гаранција

Македонијапред 13 часа

Самит Македонија 2025: Дијаспората подава рака, неопходно е искоренување на корупцијата и стабилни институции

Македонијапред 14 часа

Жителите на Македонија внесуваат 2,4 пати повеќе сол од препорачаното

Македонијапред 15 часа

Средба Азески-Бехтел и Енка: Максимално вклучување на домашните компании во изградбата на коридорите 8 и 10д

Гостиварпред 16 часа

Неовластено снимен разговор со гостиварец завршил на социјални мрежи

Деца Родителипред 19 часа

Семејство-најмалиот, а најважен градежен блок во општеството!

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена