Поврзи се со нас

Гостивар

Ваучерите за туризам може да се користат и преку туристички агенции

Објавено

на

Сите лиценцирани туристички агенции кои сакаат да работат со ваучери за туризам,  можат да се регистрираат на платформата “Дома си е дома“.  На тој начин граѓаните кои добиле ваучери за туризам освен во сместувачките капацитети ќе можат да ги искористат ваучерите и преку туристичките агенции кои ќе се регистрираат, соопштија од владината прес служба. Регистрирањето трае до 10 август.

За да исполнуваат услови за добивање на пристап во платформата туристичките агенции треба да имаат валидна лиценца за работа издадена од страна на Министерството за економија и истата да ја прикачат на самата платформа.

Агенциите кои претходно се имаат пријавено на платформата „Дома си е дома“, а ги исполнуваат условите (имаат валидна лиценца) автоматски ќе бидат одобрени од страна на Министерството за економија.

Туристичките агенции во рамките на понудите можат да понудат сместување, а и да вклучат и дополнителни услуги како што се: превоз до туристичките центри, екскурзии, водичи, прошетки и сл. При реализација на ваучерот преку туристичка агенција, агенциите треба да имаат склучени договори со објектите за сместување (категоризирани).

„Со оваа можност освен на туристичките агенции, Министерството за економија излегува во пресрет на граѓаните кои имаат ваучери за туризам за да може да го искористат за повеќе услуги преку туристички агенции како што е превоз до туристичките места. За 20 дена откако стартуваше мерката ваучери за домашен туризам искористени се над 8.400 ваучери.“, стои во соопштението на Владата.

Ваучерите граѓаните ќе може да ги искористат до 15 декември 2020 година.

Ваучер за туризам од 6.000 денари се издава на вработени лица со низок доход заради плаќање на искористена туристичка и угостителска услуга на сместување или услуга на сместување и исхрана во категоризирани угостителски објекти за сместување и преку даватели на туристички услуги, регистрирани вршители на туристичка дејност.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена