Поврзи се со нас

Македонија

ЦУК: Во последното деноноќие имало 39 пожари, од кои активни се шест

Објавено

на

Во текот на вчерашниот саботен ден според извештаите што стигнале до Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), противпожарните тимови, некаде заеднички – здружени од повеќе општини, а и со помош од месните жители, интервенирале на 39 пожари – од коишто до утрово активени се уште се шест.

Активните пожари, како што информираат од ЦУК, се во три општини и тоа во Општина Македонски Брод, кај село Белица, во месност „Аргулица“, под Солунска Глава каде што гори ниско стеблеста шума и пасиште. Четири пожари се во Општина Прилеп, и тоа кај село Алинци каде гори депонија, село Шелеверци каде гори ниска вегетација, село Мало Рувци, каде што гори нискостеблеста шума, трева, грмушки, букова шума и ниска вегетација, село Веселчани и кај село Старо Лагово каде гори ниска вегетација. Во Oпштина Велес, има пожар на ридот во населба „Превалец“, каде што гори гори ниска вегетација.

Изгаснати се 33 пожари, при што горела сува трева, ниска вегетација, мешана и борова шума, депонии, а и трска, биле во општини:

  • Општина Студеничани с. Осинчани (каде што горела ниска мешана шума и сува трева);
  • Општина Бутел, с. Визбегово (ниска вегетација);
  • Општина Гази Баба, с.Јурумлери (депонија);
  • Општина Сопиште, с.Света Петка (депонија);
  • Општина Долнени, 2 с.Житоше и с.Рилево (ниска вегетација);
  • Општина Демир Хисар, с. Рактиница (сува трева);
  • Општина Битола, ул.Девеани (депонија);
  • Општина Струмица, с.Водоца (ниска вегетација и прнар);
  • Општина Дојран, с.Црничани (ниска вегетација);
  • Општина Валандово, с.Чалакли (Ниска вегетација и прнар);
  • Општина Босилово , с,Турново – с.Секирник (сува трева);
  • Општина Дојран, с.Фурка (ниска вегетација);
  • Општина Ново Село, с.Зубово (ниска вегетацијаа);
  • Општина Куманово 3, с.Речица, с.Тромеѓа и Пчиња (ниска вегетација);
  • Општина Липково, с.Никуштак (ниска вегетација);
  • Општина Крива Паланка, с.Жидилово, м.в.Цоневци (борова и дабова шума);
  • Општина Охрид, нас. Воска (трска);
  • Општина Кичево, с.Зајас (ниска вегетација);
  • Општина Чашка, 2 с.Ногаевци и „Стари Град“ (ниска вегетација, капини, и грмушки);
  • Општина Карбинци, с.Ратево (ниска вегетација);
  • Општина Свети Николе, с.Сарамзалино (ниска вегетација);
  • Општина Тетово 3 , Ф-ка „Профикс„кај Ски Центар – над шестоседната жичницата ( ниска вегетација Депонија) и кај с.Рогле (ниска вегетација).
  • Општина Брвеница, патот, Брвеница – Радиовце (ниска вегетација);
  • Општина Гостивар, 3, кај с.Равен, с.Ломница и кај с.Санакос (сува трева).
Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: ПЕНЗИОНЕРИ | Гостинка: Живка Матевска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар ќе се одбележат 100 години од раѓањето на еден од најголемите херои на Македонија, Чеде Филиповски – Даме

Гостиварпред 2 недели

Потресувачки случај на самоповреда и напад во семејство во гостиварско, четири лица пренесени во болница

Гостиварпред 2 недели

Филмско разбојништво во атар на Чегране, украдени над 500 кг. марихуана од фабрика за канабис

Гостиварпред 2 недели

Гостиварката Тамара со број 6, почна гласањето за Јуниор Евросонг

Гостиварпред 4 недели

Во еден по полноќ во Гостивар приведена девојка оти нарушила ред и мир

Гостиварпред 2 недели

Лишен од слобода 51-годишен гостиварец поради физички напад врз неговата вонбрачна партнерка

Гостиварпред 4 недели

Тамара Грујеска во пресрет на Јуниорски Евросонг: Со нетрпение го чекам настапот во Ница, ќе дадам максимум од себе

Гостиварпред 4 дена

Изменет режим на сообраќај на патот Тетово-Гостивар, ќе трае 6 месеци

Гостиварпред 1 недела

Семејна драма во гостиварско: Родителите се расправале, па синот го повредил таткото со нож

Спортпред 5 часа

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 3 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 4 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 4 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 4 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 5 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 6 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Огласи за вработување:

Advertisement
.

Популарно изминативе 100 дена